fbpx

Потпишани договори за фотонапонски централи на 29 локации на приватно земјиште

-

Од денеска ќе може да стартува изградбата на фотонапонски централи на приватно земјиште, според тендерот што беше објавен минатата година, за доделување премии за струја од вакви централи. Тоа го соопшти на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска ги потпиша договорите со инвеститорите.

-Ова е почеток на нов инвестициски циклус во делот на обновливите извори на енергија (ОИЕ). На тендерот објавен лани во август беа доставени 44 понуди и по спроведената евалуација и роковите за жалби, се утврди дека од понудените 27 мегавати инсталиран капацитет, потпишани се договори за право на користење на премија за вкупно 21 мегават, на 29 локации низ целата држава, со 23 инвеститори во 16 општини – рече Бектеши.

Тој додаде дека сите инвеститори имаат рок од три години да завршат со изградбата на фотонапонските електрани, а по нивното пуштање во употреба, ќе потпишат договори за користење на премии во период од 15 години. За договорите за фотоволтаични електрани на приватно земјиште, како и за оние на државно земјиште, ќе се даваат вкупно до 420.000 евра годишно од државната каса.

Досега, за изградба на вакви електрани на државно земјиште, заради големиот интерес, околу три милиони евра се слеаја во Буџетот од компаниите кои ги потпишаа договорите. Со овие пари ќе се покријат трошоците за седумте наредни години за премиите и на приватно и на државно земјиште.

-Една од главните цели на енергетската политика во земјава е поддршка на приватни инвестиции за изградба на енергетски објекти од ОИЕ. Тоа е инвестирање во зелена енергија со што се заштитува животната средина и се ублажуваат климатските промени – рече Бектеши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Гранатирани инфраструктурни објекти во Запорожје и Одеса

Руски проектили погодија индустриска инфраструктура во градот Запорожје, информира Регионалната воена управа на Запорожје, пренесува Укринформ. Утрово, руската армија лансираше балистичка ракета од привремено окупираниот Крим и врз инфраструктурен...