fbpx

Хан: Куманово не треба да го оттргне вниманието од политичката криза

-

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, денеска повторно се огласи, овојпат во живо, за кризата во Македонија и за случувањата во Куманово.

– Сите сме загрижени за тоа што се случи викендов. Итно ги повикуваме сите страни и актери да соработуваат во разјаснувањето на тоа што се случи и обединето да работат на прашањето. Овој напад, ова случување, не треба да го оттргне вниманието од сериозната политичка ситуација во Македонија, за која ги повикавме и власта и опозицијата да ја решат. Ова случување не треба да биде искористено за да создаде дополнителна комлексност преку воведувањето етнички тензии – рече Хан, повикувајќи уште еднаш на единство и на транспарентност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба да престане веднаш!

Не смее да се дозволи децата да бидат жртви на политиката и странските злонамерни пропагандни операции. Политичките партии и нивните поддржувачи мораат да дадат придонес за заштита на децата,...