fbpx

Анализи во ЕУ: Страв дека конфликтот во Украина може да ескалира во поширока европска војна

Шефовите на дипломатијата на НАТО заседаваат во Брисел со клучна анализа дека „Русија е најзначајната директна закана“ за Западот и дека Москва ги интензивира операциите на инфилтрација и дестабилизација во Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија, пишува шпанскиот весник „Паис“

-

Шефовите на дипломатијата на НАТО заседаваат во Брисел со клучна анализа дека „Русија е најзначајната директна закана“ за Западот и дека Москва ги интензивира операциите на инфилтрација и дестабилизација во Босна и Херцеговина, Молдавија и Грузија, пишува шпанскиот весник „Паис“, во време кога во Западна Европа расте стравот дека украинско-рускиот конфликт може да се претвори во поширока европска војна.

Во балтичките земји се градат нуклеарни засолништа, а полскиот премиер Доналд Туск изјави дека „Европа влезе во предвоена состојба“, додека началникот на Генералштабот на полската армија Вислав Кукула вели дека „Русија се подготвува за војна со НАТО во следната деценија“.

Истото го тврди и шефот на естонската дипломатија Каупо Росин, иако смета дека не постои закана од непосреден руски напад врз земјите на НАТО во Европа. Сепак, Норвешка го зголемува бројот на регрути за 50 отсто, а постои и општ глобален страв од можна голема руска офанзива во текот на летото.

Шефовите на дипломатиите на Германија, Франција и Полска, Аналена Бербок, Стефан Сежурне и Радослав Сикорски по повод состанокот на министрите на НАТО најавија дека „денес Украина е нападната, утре може да биде друг дел од Европа, бидејќи Русија нема да запре нејзината агресивна и империјалистичка политика во догледна иднина“.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека тврдењата дека Москва се подготвува да ја нападне Западна Европа се „глупости“, а некои европски експерти за воени и геополитички прашања исто така сметаат дека апсурдни се тврдењата дека ако Русија воопшто ја освои Украина, би се преселила во други делови од Европа.

Едноставно, велат тие, Русија нема ниту човечка сила, ниту оружје за таков потфат и се прашуваат која би била политичката цел на еден ваков осуден обид, бидејќи тоа би била и војна на Русија со НАТО.

Но, францускиот претседател Емануел Макрон ги потврдува црнките сомнежи на Американците и европските сојузници дека на Украина ѝ се заканува лош исход во војната со Русија, па дури и дозволува испраќање на војници на НАТО на украинското воено поле.

Внатрешните оценки на НАТО покажуваат дека би било многу тешко да се испрати моќно оружје и војници на истокот на Европа, а генералите во Брисел укажуваат дека за сериозна одбрана би било потребно да се распоредат близу триста илјади војници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...