Маричиќ: Моќта на трансформирањето на општествата е главната мека моќ на ЕУ

Зборувајќи за придобивките од присуството на ЕУ на Западен Балкан, Маричиќ потсети дека шест милијарди евра европската заедница ги наменува за регионот

-

Проширувањето е една од најмоќните политички алатки на Европската унија за постигнување мир и просперитет, слобода и демократија. Затоа ЕУ е токму тоа – заедница на суверени држави поврзани за просперитет и во слобода и демократија, кажа вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во обраќањето на Меѓународната конференција „Водици-Охрид 2024“.

Зборувајќи на темата, „Промоција на мерките на „мека моќ“ (soft power), културата, културното наследство, животната средина, туризмот или друга човечка димензија за одржлив и меѓукултурен развој“ на конференцијата организирана од Центарот за напредни истражувања од Скопје, Маричиќ порача дека ЕУ е најуспешниот мировен, политички и економски проект во историјата на континентот и светот.

„ЕУ е модел за демократија, за солидарност и слободи, но и за еднаквост, просперитет и одржливост. Европската дипломатија ја поседува токму „меката моќ“, која ја прави да биде важен партнер во меѓународните односи – денес пак, политиката на проширување ја прави Унијата исклучително значаен безбедносен, но и политички проект“, нагласи вицепремиерот Маричиќ.

Тој нагласи дека мисијата на мирно обединување на Европа врз основа на слободно изразената и суверена волја на секоја земја којашто сака да биде дел од ЕУ е внимателно управуван процес на пристапување врз три клучни принципи: консолидација, условеност и комуникација.

Зборувајќи за придобивките од присуството на ЕУ на Западен Балкан, Маричиќ потсети дека шест милијарди евра европската заедница ги наменува за регионот.

„Со вкупен буџет од 30 милијарди евра, од кои 6 милијарди се алоцирани за поддршка на економиите на Западен Балкан, Планот за раст има за цел да воведе дополнителна динамика во евроинтегративните процеси на земјите од регионот. Планот за раст е јасна финансиска и политичка инвестиција на ЕУ во регионот на Западен Балкан и Северна Македонија. Брисел сака да ја види нашата земја во европското семејство. Тоа е подадена рака за забрзување на процесот за членство до 2030 година“, порача вицепремиерот.

Суета и политика – власта заборава каква била во опозиција

Премиерот Мицкоски е сигурно во право кога апелира до опозицијата на отстранување на суетите во политиката при носење јавни оценки за политиките на власта, но е недоследен во својот...