fbpx

Груевски: Загубивме осуммина кои спречија, можеби, 8.000 невини убиства

-

„Ова беа два многу тешки дена. Најтешки во мојот живот. Терористичка група од повеќе од 40 добро вооружени лица, нелегално влегла во Македонија, сместена во кумановска населба, спремна за крупни терористички напади врз полициски станици, цивили, спортски натпревари“, изјави премиерот Никола Груевски на денешната прес-конфереција.

Според него, во 28-часовната непрекината борба, македонската полиција ја имаше досега најсложената и најтешка операција.

– Активноста професионално и одговорно ја водеше македонската полиција од сите етнички и верски групи – Албанци, Роми, Срби, Бошњаци, Власи, која изведе високопрофесионална, патриотска и херојска акција и ги неутрализира терористите кои сакаа дестабилизација на Македонија. За жал, осум од нив ги загубија животите. Длабоко сочувство до семејствата, колегите и до пријателите. Загубивме осум луѓе кои со колегите, можеби, спречија убиства на 8.000 луѓе – рече Груевски.

Премиерот порача дека примерот на загинатите бранители ќе биде водилка за многу генерации, а нивната жртва нема да се заборави.

– Синоќа ги посетив 30-тината полицајци во скопските клиники. Лекарите ме убедија дека брзо ќе се вратат кај семејствата и на работните места. Искажувам јавна почит и благодарност до сите нив. Благодарам и им честитам на сите припадници на полицијата кои учествуваа во најтешката операција на полициските сили на Република Македонија – рече премирот.

Терористите биле агресивни, теренот на кој се криеле е густо населен, а постоела опасност и од повреда на цивили. Тоа дополнително ја влошило и онака сериозната ситуација, рече премиерот кој ги повика сите да престанат со навреди и кон опозицијата и кон власта, а им порача на медиумите во овие времиња да ѝ не прават штета на државата со шпекулации.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...