fbpx

Крвавите судири во Куманово ги заинтересираа светските медиуми

-

„Македонската полицијата во смртоносни судири со вооружена група“, „Снајперски оган, експлозии: Пет македонски полицијаци се убиени при судир во албанска област“, „Пет полицајци се убиени во престрелка со вооружена група во Македонија“, „Македонската полиција го опколи Куманово по смртносните судири“, „ОНА ја заплаши Македонија со нови вооружени судири“ се само дел од насловите што регионалните и светските медиуми ги објавуваат денеска за вториот ден од крвавите борби во Куманово.

Американската телевизиска мрежа „Си-Ен-Ен“ јавува дека македонските вооружени сили евакуираат цивили од градот, кој се наоѓа во регионот познат по етничките тензии меѓу Албанците и Македонците.

https://www.youtube.com/watch?v=EDlodN9sg98

Телевизијата „Еуроњуз“ јавува дека пет лица се загинати, а повеќе од 40 се повредени во Куманово, притоа напоменувајќи дека македонското МВР тврди оти станува збор за терористичка група која подготвувала напади. Во телевизискиот прилог, исто така, емитува изјава на кумановец кој тврди дека државата го исценарала целиот случај и оти луѓето за кои тврдат дека се терористи, лично ги познаваат и нема никаква организација.

Другите светски медиуми ги пренесувата информациите на познатите новински агенции „Ројтерс“, „Асошиејтед прес“, АФП и германската „ДПА“, во чии извештаи се наведува дека МВР тврди дека станува збор за терористичка организација од соседна држава, но притоа не се наведува од која. Агенциите наведуваат дека пукањето во Кумано се случува во период кога Македонија се наоѓа во најголемата политичка криза од осамостојувањето, настаната поради обвинувањата дека власта вршела илегално прислушување, но и во време кога се одржуваат протести поради полициската бруталност и се бара оставка од премиерот Никола Груевски. Агенциите, исто така, наведуваат дека власта и опозицијата меѓусебно се осудуваат за дестабилизирање на земјата.

Српските медиуми јавуваат дека српскиот премиер Александар Вучиќ свикал состанок на Советот за безбедност на Србија поради случувањата во Македонија и испратени се дополнителни 450 војници за да ја контролираат македонско-српската граница и да го спречат евентуалното прелевање на ситуацијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.