fbpx

Бугарските екстремисти се ситат: За Куманово е виновен Охридскиот договор и дефокусот од протестите

-

Бугарија не треба да молчи за Македонија! Треба да излезе со став дека е против нарушувањето на границите, сепаратизам и против сите обиди сличните проблеми да се решаваат со насилни средства. Ова го изјави лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во емисијата „Разбуди се“ на бугарската телевизија „Нова“.

Тој истакна дека Куманово се наоѓа на само 70 километри од бугарската граница и додаде дека тоа што се случува во Македонија е последица од етничките тензии во Македонија уште од 2000-2001 година.

– Тогаш конфликтот почна на ист начин. Пред десетина дена една таква група во Западна Македонија зазема полициска станица, но тогаш немаше таков радикален одговор од властите. Можеби оваа вооружена група дојде како добар повод за властите во Скопје, да направат една бучна акција и да тргне фокусот од протестите против нив и да го насочи кон албанскиот сепаратизам – вели лидерот на ВМРО-БНД.

Според Каракачанов, проблемите се поставени уште со Охридскиот договор, кој му дава големи права на албанското население во Македонија.

Бугарскиот политиколог Антон Тодоров смета дека тоа што се случува во Македонија, ќе доведе до исчезнување на државата.

– Јас не сум од најголемите познавачи на македонските дела, но колку што имам информации, тоа што се случува во моментот таму, всушност е дел од процес кој во среднорочна перспектива, според мене, ќе доведе до исчезнување на Македонија како држава. Тоа е природен процес. Во 2001 година беше потпишан Охридскиот договор, со кој е направена една промена во Уставот, а според која, кога некоја етничка заедница ќе достигне 20 проценти или повеќе од населението на земјата, автоматски нејзиниот јазик станува официјален. Во моментов во Македонија, албанскиот јазик е официјален. Најинтересно е дека ако се чита овој договор, тој предвидува албанскиот да се изучува и од луѓето со македонска националност – вели Тодоров.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...