Фридом Хаус: Македонија делумно слободна земја, во друштво со Албанија, Србија, Косово, Албанија и БиХ

Според извештајот на Фридом Хаус, Македонија има пад од едно место за разлика од лани, кога беше бодувана со 68 поени

-

Со 67 поени, Македонија останува „делумно слободна земја“, според најновиот извештај на Фридом Хаус за слободата на светот во кој се опфатени 210 држави, според два сегмента – политички права и граѓански слободи. Според извештајот, Македонија има пад од едно место за разлика од лани, кога беше бодувана со 68 поени.

Во истата категорија како земјава спаѓаат и државите од регионот, Албанија (68), Црна Гора (69), Косово (60), Босна и Херцеговина (51) и Србија (57).

Македонија, меѓу останатите, е во друштво со Индија, Пакистан, Украина, Перу, Унгарија, Танзанија, Кенија, Мексико и Боливија, кои исто така влегуваат во доменот „делумно слободни држави“.

Како целосно слободни држави од регионот се рангирани Хрватска (83 поени), Романија (83), Бугарија (78), Грција (85).

Најдолу на листата се Горно Карабах, Тибет, Јужен Судан, Сирија, Северна Кореја, Авганистан, Азербејџан, Кина, Русија….

Финска, Нов Зеланд, Шведска, Норвешка, Холандија, Луксембург, Ирска се на врвот на листата како „целосно слободни држави“.

„Политичките права и граѓанските слободи беа намалени во 52 земји, додека само во 21 земја има подобрувања. Наместените избори и вооружените конфликти придонесоа за ваков пад, загрозувајќи ја слободата и предизвикувајќи тешко човечко страдање“, се вели во заклучоците на извештајот на Фридом Хаус и се додава дека „вооружените конфликти и заканите за авторитарна агресија го направија светот помалку безбеден и помалку демократски“.

Принтскрин, Извештај на Фридом Хаус

„Плурализмот е нападнат, но останува извор на сила за сите општества. Отфрлањето на плурализмот – мирниот соживот на луѓе со различни политички идеи, религии или етнички идентитети – од страна на авторитарни лидери и вооружени групи предизвика репресија, насилство и голем пад на севкупната слобода во 2023 година. Овие трендови создаваат средина која е неповолна за демократијата, како што светот влегува во последователна година на избори“, стои во заклучоците.

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како и социјалните...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Владата ќе ги оценува медиумите и новинарите дали објавуваат позитивни, негативни или неутрални вести

Владата преку тендер бара фирма која ќе треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание, со претходен мониторинг на сите медиуми, вклучувајќи и онлајн и печатени медиуми, како...