Со вообичаено полициско обезбедување, денеска ќе се чува јавниот ред и мир во главниот град, каде две спротиставени групи треба да одржат собири.

Од СВР Скопје велат дека ниту еден собир не е пријавен, но полицијата ќе ги преземе сите потребни мерки за нивно безбедно одржување.

Едниот протестен собир ќе почне во 18 часот пред Владата. Активистите ќе бараат оставки и одговорност од владините функционери.

Другите собири, на кои ќе се маршира (протестира) за поддршка на полицијата, ќе почнат во 19 часот, на плоштадите Филип Втори во Гази Баба и Делфина во Ѓорче Петров, како и на просторот кај ресторанот „Кај Злате“.

И од двете страни најавуваат дека собирите ќе бидат мирни, но маршрутите на двете групи сè уште не се познати.

Собири за поддршка на полицијата се планирани во повеќе градови во Македонија.