fbpx

Екстерното делумно се бојкотира, штрајкот делумно продолжува

Денеска почна екстерното тестирање на ученциите од трета и од четврта година во средните училишта. Поради штрајкот на СОНК, кој трае речиси една недела, во некои училишта екстерно воопшто не се спроведува, а во други го спроведуваат заменски наставници. - Во средните училишта „Зеф Љуш...

Во Штип водата од водоводот и понатаму не е за пиење

Денеска се очекуваат резултатите од Институтот за јавно здравје и потврдата за исправноста на водата за пиење од градскиот водовод во Штип. Во меѓувреме, водата, веќе четврти  ден, е забранета за пиење и може да се употребува само како техничка вода. „Големото невреме ги поплави бунарите,...

Опаѓа нивото на реките, водата се повлекува

Водата од поплавените места се повлекува, а нивото на реките се намалува. Штетите предизвикани од поплавите допрва ќе се проценуваат. Метереолозите за наредните денови најавуваат нови врнежи од дожд. Нивото на Вардар во Велес денеска опаѓа, со што е надмината опасноста од поплави по вчерашните врнежи...

Грците денеска избираат меѓу промени и статус-кво

Повеќе од 9,8 милиони грчки граѓани денеска одлучуваат за иднината на државата на најкритичните избори во државата досега. Надеж за промена со СИРИЗА, која ќе внесе доза неизвесност при преговорите со европските кредитори или продолжување на политиката на Нова демократија за да не се „лула грчкиот...

Ципрас веќе се гледа како премиер

Бран промени и ново лице на политичката сцена или играње безбедно и задржување на политиката на постарите партии, ова е дилемата која утре ќе ја решат грчките граѓани на гласањето за предвремените парламентарни избори.  Партиите завршија со жестоката предизборна кампања, која почна пред само еден...

Пелагонија во паника од излевање на Црна Река

Властите во Пелагонија се во паника поради можно излевање на Црна Река. По поројните дождови во изминатите 24 часа, но и поради презаситеност на почвата со влага, синоќа нивото на Црна достигнало 3,90 метри, ако се знае дека капацитетот за апсорпција на водата е 4,30...

Одложено гласањето за уставните амандмани

Парламентарното мнозинство вечера не успеа да обезбеди 82 гласа за уставните амандмани, па по неколку долги паузи, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, ја прекина седницата. Притоа не прецизираше кога таа ќе продолжи. Извори од ВМРО-ДПМНЕ, утрово, како што објавивме, изјавија дека се чека Али Ахмети, лидерот...

Наставници од Битола порачуваат: Овој штрајк е за сите нас

Наставници од средното општинско техничко училиште „Ѓорѓи Наумов“ од Битола, упатија отворено писмо до своите колеги членови на СОНК кои штрајкуваат и до оние кои под притисок не штрајкуваат. Во писмото тие велат дека четврти ден трае штрајкот на СОНК со кој се бара начин...

Продолжува собраниската седница за уставните измени

Пратениците во Собранието на Република Македонија денеска на 30. седница ќе се изјаснат за осумте предложени предлог-амандмани на Уставот, за чие донесување е потребно двотретинско мнозинство, односно 82 пратеници да гласаат „за“. Со предложените уставни измени, бракот се утврдува како заедница меѓу маж и жена,...

Заушки за Иванов на „Фејсбук“

Откако претседателот Ѓорге Иванов ги потпиша законите за високо образование, на „Фејсбук“ има лавина од коментари и од реакции, како на политичари, така и на обични граѓани. Еве некои од нив: Ивица Милевски: „Си мислев дека „Претседателот“ сепак можеби ќе биде „претседател“ на сите, барем за кратко...ама...

Зошто Иванов ги потпиша указите на законите?

Претседателот Ѓорге Иванов вчера ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, што Собранието на Република Македонија ги донесе на седницата одржана на 14 јануари 2015 година. Тоа предизвика негодување кај студентскиот и професорскиот пленум, кои најавија дека ќе продолжат со акциите против...

Иванов ги потпишал указите за законите за образование

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги потпиша указите за прогласување на законите од областа на образованието, што Собранието на Република Македонија ги донесе на седницата одржана на 14 јануари 2015 година, пишува во соопштението објавено на веб-страницата на претседателот. Како што велат од неговиот кабинет, Иванов...

Чаусидис до Попоски: Најопасни се незнаењето и свесната глупост

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска изјави дека е нејасно зошто новинарите вчера протестираа за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски кога тој веќе бил пуштен на слобода од затворот „Скопје“. - Повеќето од нас не разбираат за што беше протестот бидејќи, знаеме, сите беа...

Самарас во Солун: Антимос е проповедник за хеленизмот на нашата Македонија

Само 72 часа пред крајот на изборната кампања, премиерот на Грција, Андонис Самарас, денеска е во Солун во последен обид да ги шармира и придобие гласачите од Северна Грција. За време на посетата на втората грчка престолнина, Самарас одвои време да се види со митрополитот...

Град Скопје: Не проветрувајте за да не дишете отров

Откако неколку дена загаденоста е на многу високо ниво, од Град Скопје издадоа мерки од прв степен поради надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10). Мерките за граѓаните вклучуваат ограничување на движење на отворен простор само на неопходното, да не се...

Наставата почна, штрајкувачите во малцинство

Денеска почна второто полугодие за околу 280.000 основци и средношколци по тринеделниот зимски распуст. СОНК најави штрајк поради неуспешните преговори со Министерството за образование и наука. Штрајкот требаше да биде со присуство на работните места, но без извршување на работните задачи. Од обиколката што ја...

Пратениците денеска ќе ги носат уставните измени

Предлог-­амандман за дефинирање на бракот како заедница само меѓу еден маж и една жена, основање меѓународни финансиски зони чие работење и организација ќе се доуредува со закон и уште неколку амандмани за уставни измени ќе се најдат денеска пред пратениците во Собранието. За да се...

ЕК за Кежаровски: Владата да престане да ги игнорира проблемите

Европската комисија се огласи по затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, нагласувајќи дека Европска Унија одблиску го следи судскиот случај со Кежаровски, но не коментира за индивиудални случаи. - Медиумската слобода е екстензивно покриена во извештајот за напредокот на поранешната југословенска република Македонија, истакнувајќи ги проблематичните области...

Советот за етика во медиумите бара итно ослободување на Кежаровски

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) денеска ја осуди пресудата на Апелацискиот суд за новинарот Томислав Кежаровски и неговото експресно префрлање од домашен притвор во затворот „Скопје“. „Сметаме дека со ваквата одлука се испраќа порака за самоцензура до сите новинари во земјава. Етичките...

„Гардијан“: Апсурдна, срамна и недостојна е пресудата за Кежаровски

Пресудата на Апелацискиот суд за две години затвор за новинарот Томислав Кежаровски, која почна да се извршува вчеравечер, кога Кежаровски експресно беше префрлен од домашен притвор во затворот „Скопје“, предизвика интерес и во медиумите во Европа, а лондонски „Гардијан“ објави цела статија за случајот. Угледниот...

Големи полициски сили во кампусот на УКЛА по судирот меѓу пропалестинските и произраелските демонстранти

Полицијата во опрема за немири пристигна во кампусот на Универзитетот во Калифорнија, каде се судрија пропалестинските и произраелските демонстранти, објави Асошејтед прес. Судирите се случија денеска рано наутро по локално...