fbpx

ЕК за Кежаровски: Владата да престане да ги игнорира проблемите

-

Европската комисија се огласи по затворањето на новинарот Томислав Кежаровски, нагласувајќи дека Европска Унија одблиску го следи судскиот случај со Кежаровски, но не коментира за индивиудални случаи.

– Медиумската слобода е екстензивно покриена во извештајот за напредокот на поранешната југословенска република Македонија, истакнувајќи ги проблематичните области како владиното рекламирање, необјективното медиумски известување за време на избори, улогата на јавниот сервис и клеветата. Сево ова, покрај воведувањето ново медиумско законодавство на крајот на 2013 година. Со оглед на нивото на загриженост за кое алармираат гласови во и надвор од државата, но и постојаниот пад на државата во сите големи релевантни рангирања за медиумска слобода, едноставно не е кредибилно да се игнорираат идентификуваните проблеми – изјави за „Мета“ портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчиќ.

Европскиот комесар за пристапни преговори, Јоханес Хан, ќе ја посети Македонија на 19 и на 20 февруари, потврдија за „Мета“ од Европската комисија.
Т.М.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...