fbpx

Могерини се извини: Од замор нè нарекла Македонија

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини се извини затоа што минатата недела на прес-конференција го употребила името „Македонија“ наместо „ФИРОМ“. - Секогаш го користам терминот ФИРОМ. Понекогаш, особено кога 24/7 се справувате со кризи и имате „џетлег“ се прават...

Јанкулоска не го апси Заев оти таква била процената

Секој случај е сам по себе посебен и е единствен по своите карактеристики и ние правиме процени и анализа во однос на конкретната ситуација, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како одговор на новинарско прашање зошто МВР не го аспи лидерот на...

Европратениците денеска ќе гласаат за резолуцијата за Македонија

Проблемот за името треба да се реши пред крајот на преговорите за влез на Македонија во ЕУ, оценија синоќа пратениците од Европскиот парламент во Стразбур и побараа од шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, да изнајде нова иницијатива со која ќе се излезе од сегашниот...

Обвинителството бара да го остават на мира

Јавното обвинителство денеска преку соопштение реагира на, како што велат оттаму, притисоците и нагласените повици за конечни одговори во врска со аферата „Прислушување“ и со случајот „Пуч“, како и повиците за лична и за колективна одговорност. „Сметајќи дека со ваквите напади, се нарушува независното работење...

Заев вечерва во „Универзална“ ќе понуди преодна влада?

Вечерва во „Универзална сала“, со почеток во 19 часот,  ќе се одржи трибина „Вистината за Македонија: Изборен грабеж“, организирана од СДСМ. Како што најави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на трибината ќе ги објават доказите за тоа како ВМРО-ДПМНЕ во неколку изборни циклуси ги...

Тамара да добие член во Законот!

„Членот на Тамара“, со кој ќе се штитат сите понатамошни случаи на деца и на луѓе што заболеле од ретка болест или, пак, имаат итни здравствени проблеми, предлага Огнен Јанески, новинар и активист. Тој оваа идеја првпат ја кажа на протестот за Тамара што се одржа во...

Берлин стои зад идејата за „мерки за доверба“ помеѓу Скопје и Атина

Иницијативата за нови разговори меѓу Македонија и Грција за усвојување мерки за градење доверба не е нова и веќе извесно време заткулисно се разговара за неа. Ова го тврди грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори кои тврдат дека зад иницијативата стои германската влада. Според весникот,...

Aко нема договор со ЕУ, можни се избори или референдум во Грција

Грција не отстапува од ставот дека нема намера да потклекне пред европските притисоци. Држењето до црвените линии, и од грчка и од европска страна, го намалува оптимизмот дека на утрешниот состанок на Еврогрупата може да се донесат конечни одлуки за Грција. Грчкиот министер за финансии,...

Во Могила цела ноќ се спасуваа куќите и стоката од надојдените води

Се спасуваше стоката, се прибираше покуќнината. Вака жителите на селото Вашарејца во пелагониската општина Могила ја поминаа ноќта откако Црна Река повторно се излеа во атарите на неколку села. Спасе Божиновски, земјоделец од Вашарејца, вели дека цела ноќ ја испумпувале водата од дворовите и копале...

Најсочните изјави на министерката Гордана Јанкулоска

Во снимените разговори, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги објави денеска, а се однесуваа на локалните избори во 2013 година, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска има една од главните улоги и сочно и релјефно им зборува на соговорниците. Јанкулоска на Кирил Божиновски: „Имаме 50...

Ципрас со пакет мерки за добрососедство со Македонија

Грчката влада размислува за нова дипломатска иницијатива кон Македонија. Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, се чини планира да ѝ предложи на македонската влада пакет мерки за градење на довербата меѓу двете страни, кои, според првичните информации, главно, би се однесувале на справување...

Не остана кому да веруваме

Ако на Зоран Заев, лидерот на опозицијата, не можеме да му веруваме, кому, ако го примениме истиот принцип на соочување изјави, можеме да веруваме? На Заев му се забележува дека не можеме да му веруваме затоа што на средбите што ги имал со премиерот Никола...

Сите сочни изрази на Ставрески на едно место (+18)

Во аудиоснимките што вчера ги презентираше Зоран Заев, може да се чуе дека високи функционери на власта користат многу погрдни зборови и сочни пцовки за колегите сопартијци и за свои соработници. Така, на пример, еве што сè слушнавме од Зоран Ставрески во аудиоснимките со разговори од само...

Ставрески: „Ние трошиме на чоколада, а немаме леб“

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција објави аудиоснимки од разговори за трошење пари и за буџетски трошоци. Тој рече дека ова се признанија лично од министерот за финансии, Зоран Ставрески, и од министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. На разговорите се слуша како Ставрески...

На што повикува ЦК на ВМРО-ДПМНЕ?

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во саботата одржа седница, на која, според партиското соопштение, ја разгледа актуелната политичка состојба во земјава и му даде целосна и безрезервна поддршка на претседателот на партијата и премиер, Никола Груевски. „Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, согласно со својот статут и континуитетот на...

Мистериозно самоубиство на газдата на „Фиком“ во штипскиот затвор

Сопственикот на „Фиком“, Никола Николиќ, бил пронајден обесен во тоалетот на штипскиот затвор, каде ја издржуваше казната за измама при продажба на станови на повеќе лица, јавува дописникот на „Мета“ од Штип. Информацијата за смртта на Николиќ ја потврдија од Упрвата за извршување на санкции,...

ЦК на ВМРО-ДПМНЕ: Безрезервна поддршка на Груевски

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера одржа редовна седница на која било одлучено да му дадат „целосна и безрезервна поддршка на претседателот на партијата, Никола Груевски, Извршниот комитет на партијата и на Владата на Република Македонија во справување со предизвиците наметнати од неодговорното однесување на...

Заев: Ќе објавиме што сè Груевски прифатил за името и како ги местел изборите

По денешната прес-конференцијата во седиштето на СДСМ, лидерот на партијата, Зоран Заев, одговараше на новинарски прашања, при што даде неколку клучни поенти. Претседателот на СДСМ тврди дека во материјалите што ги има се наоѓаат докази за прислушување на „шест највлијателни амбасади“, за кои, како што рече, материјалите...

САД: Загрижени сме за политичките превирања во Македонија

Американската влада со загриженост ги следи политичките превирања во Македонија, со аферата за прислушување и случајот „Пуч“, изјави портпарол на Стејт департментот, пренесе „Гласот на Америка“. Официјален Вашингтон смета дека настаните покренале сериозни прашања за македонските граѓани, но и за меѓународните пријатели и партнери на...

Совет на Европа: Со прислушувањето новинари се кршат човековите права

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Мужниекс, во ексклузивна изјава за новинската агенција „Мета“ ја изрази својата „сериозна загриженост“ за последните случувања во Македонија и особено за прислушувањето новинари, објавено вчера на прес-конференција на опозицискиот СДСМ. - Многу сум загрижен за наводите...

Не бев во бегство, тврди Палевски, откако му беше одреден притвор од 30 дена

„Не сум бил во бество и не смеам да зборувам поради истрагата“, изјави пред новинарите првоосомничениот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, Љупчо Палевски Палчо кога со...