fbpx

Јанкулоска не го апси Заев оти таква била процената

-

Секој случај е сам по себе посебен и е единствен по своите карактеристики и ние правиме процени и анализа во однос на конкретната ситуација, изјави денеска министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, како одговор на новинарско прашање зошто МВР не го аспи лидерот на опозцијата, Зоран Заев, иако против него се поднесени две кривични пријави, од кои една вчера за примање поткуп.

На прашањето дали ќе даде повеќе детали за кривичната пријава што вчера МВР ја поднесе против лидерот на опозцијата, Зоран Заев, Јакулоска одговори дека станувало збор за случај на класична корупција.

– Делото кај нас беше предмет на обработка подолго време, со оглед на тоа што оштетениот на крајот на 2013 година го пријави делото на надлежен јавен обвинител, а потоа, по наредба на обвинителот, спроведени се службени активности за обезбедување докази, документирање и за финализирање на овој предмет – рече Јанкулоска.

Во врска со барањата на опозицијата да поднесе оставка, министерката рече дека опозицијата секогаш има легитимно право да бара оставка од владата и од одредени функционери, меѓутоа постапката за барање оставка е институционална и таа оди преку Собранието.

– Опозицијата, поточно, лидерот на опозицијата е соочен со исклучително сериозни сомневања за сторени тешки кривични дела и врши активности кои се спротивни на законските прописи во Македонија, со помош на креирани материјали кои се прибавени на незаконски начин и се обидува да создаде впечаток во јавноста, кој не кореспондира со реалноста. Впрочем, во мојата политичка кариера, СДСМ, но и други политички партии, повеќепати иницирале таква постапка и низ една демократска процедура соодветните инстиуции се изјасниле во однос на нивното барање. Мислам дека секогаш кога зборуваме за одговорност, треба да се следи институционалниот пат на решавање на проблемите и на прашањата – рече Јанкулоска.

На прашање од новинар во врска со кривичната пријава против Заев, која беше поднесена вчера, и за постоењето докази во врска со пријавата, како и во врска со коментарот на лидерот на опозицијата дека станува зброр за уште една конструкцијаи и за негово вовлекување во нов скандал, Јанкулоска посочи дека одговорот во тој поглед треба да го дадат други институции.

– Ние, како институција, сме должни доказите да ги предочиме на истражните органи и, како и во секој друг случај, тоа ќе биде направено, односно е веќе направено. Тие се предадени во прилог со кривичната пријава. Јавноста треба само да има трпение и да го почека институционалниот еполог на оваа и на секоја друга постпка за која постои интерес. Но, други институции треба да го дадат одговорот на ова прашање – рече Јанкулоска.

Таа изјави дека не би ги коментирала сите изјави на Заев, особено поради тоа што се менуваат од ден на ден и зависат од неговото расположение и од целта која проценил дека тој ден треба да ја постигне.

– Самото споменување на лица по име, споменување на нивните семејства на митинг на неговата партија, не би можело да се протолкува никако поинаку освен како директна закана за лицата кои беа по име споменувани – истакна министерката за внатрешни работи.

На прашањата околу автентичноста на снимките, одговорите на Јанкулоска беа дека не коментира „креирани и незаконски прибавени материјали, кои се објавуваат на незаконски начин“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сенатот изгласа 95 милијарди за Украина и Израел, но и потенцијална забрана за ТикТок

Сенатот на САД, односно горниот дом на Конгресот, изгласа предлог-закон кој вклучува хуманитарна и воена помош за Украина, Израел, Газа и Тајван во вредност од 95 милијарди долари, но...