fbpx

Тамара да добие член во Законот!

-

„Членот на Тамара“, со кој ќе се штитат сите понатамошни случаи на деца и на луѓе што заболеле од ретка болест или, пак, имаат итни здравствени проблеми, предлага Огнен Јанески, новинар и активист.

Тој оваа идеја првпат ја кажа на протестот за Тамара што се одржа во саботата во Велес. Јанески вели дека на овој начин Тамара ќе остане запаметена, а и ќе се спасат животите на многу деца и луѓе кои имаат проблем.

– Идејата е повеќе симболична и треба да се разработи, на пример, што да се стави во тој член. Јас, откако ги разгледав законите, мислам дека би можело „Членот на Тамара“ да биде член за бирократските процедури, се разбира, да бидат многу пократки отколку што се сега. Сепак, бирократијата е една од причините за смртта на Тамара. Ова е само првична атмосфера која допрва ќе се разработува – вели Јанески, додавајќи дека веќе имаат тим на правници кои сакаат да им помогнат.

Од Министерството за здравство денеска не ни одговорија на прашањето дали размислиле за оваа идеја и дали имаат намера да ја спроведат иницијативата.

Сепак, и да се одлучи Министерството дека не сака да ја прифати оваа иницијатива, професорот по Уставно право, Осман Кадриу, вели дека граѓаните сами можат да поднесат барање за измена или, пак, за донесување на некој закон, но процедурата за тоа била многу долга.

–  Ако граѓаните сакаат да поднесат ваква иницијатива, ќе треба да соберат 10.000 потписи преку подрачните единици во Министерство за правда. Исто така, ако некој од пратениците сака од солидарност, може да ја преземе обврската и тој како пратеник да поднесе иницијатива за промена на некој член или на цел закон, со тоа ќе се скрати процедурата – вели Кадриу.

Професорката Карполина Ристова-Астеруд пред некое време на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша: „По имињата на упокоените деца како жртви на разно-разни бесовесници и нелуѓе, се даваат дури и имиња на закони. Еве, јас знам „од прва“ за два во САД, Алармот Амбер (Amber Alert) и Законот на Меган (Megan’s Law). Тоа се имиња на девојчиња, дури мислам и на возраст како Тамара. Има и законодавство што е поврзано со т.н „Маслото на Лоренцо“, а во Италија законодавството поврзано со донација на органи беше нарекувано и „Подарокот на Никола“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...