fbpx

Могерини се извини: Од замор нè нарекла Македонија

-

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, Федерика Могерини се извини затоа што минатата недела на прес-конференција го употребила името „Македонија“ наместо „ФИРОМ“.

– Секогаш го користам терминот ФИРОМ. Понекогаш, особено кога 24/7 се справувате со кризи и имате „џетлег“ се прават грешки. Се извинувам поради тоа. Секогаш се придржувам до официјално прифатено име и за ова, исто така, разговарав со грчките власти – рече Могерини.

Грчките власти, европратеници и медиуми минатата недела веднаш реагираа поради употребата на уставното име на Република Македонија, наведувајќи дека е неприфатливо да не се користи референцата ФИРОМ.

– Ја повикуваме Могерини да ја коригира веднаш грешката и да биде попретпазлива во иднина кога ќе се справува со теми што се чувствителни за целиот грчки народ и флагрантно ја прекршуваат историската вистина – истакна Манолис Кефалојанис во реакцијата до Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

И годинава документите за упис во средно ќе треба да се достават и електронски и во хартиена форма

Министерството за образование и наука (МОН) денеска го објави конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши...