fbpx

Заев: Ќе објавиме што сè Груевски прифатил за името и како ги местел изборите

-

По денешната прес-конференцијата во седиштето на СДСМ, лидерот на партијата, Зоран Заев, одговараше на новинарски прашања, при што даде неколку клучни поенти.

Претседателот на СДСМ тврди дека во материјалите што ги има се наоѓаат докази за прислушување на „шест највлијателни амбасади“, за кои, како што рече, материјалите ќе им го достави само ним.

Заев, исто така, рече дека иако на пресудата пишува дека З.К. прислушувал од 2010 година, има докази и снимки дека било прилслушувано и во 2007, 2008 и во 2009 година. Во тој контекст, рече да се погледнат доказите за експресно донесената пресуда, кои, според него, се банални – решение за вработувања, за трошоци за постапката и слично.

Од одговорите на Заев, произлегува дека освен мобилната телефонија, се прислушувале и фиксните линии, но и дека била следена електронската пошта. Тој делумно ги амнестираше телекомуникациските оператори и рече дека според законот, тие и не мора да знаат колку и кој се прислушува.

Лидерот на СДСМ потврди дека меѓу прислушуваните биле и адвокати, судии, обвинители и „цело правосудство“.

За Заев, „врв“ на бомбата ќе бидат материјалите за изборните нерегуларности во 2013 и во 2014 година во кои, според него, има „незамисливи нерегуларности“.

– Кога ќе ги слушнете тие снимки, ќе видите до каде ни е државата – рече Заев.

Лидерот на опозицијата најголемиот аплауз во текот на прес-конференцијата го доби кога најави дека има снимки на кои се слуша „до каде Груевски отишол со името и што сè прифатил“ и „колку ни е загрозен народот и државата“.

Тој најави дека никој, ниту власта, ниту опозицијата, ниту од македонскиот, ниту од албанскиот блок, нема да биде поштеден од објавување снимки за изборни малверзации, како и дека еден од следните чекори ќе биде објавување на снимки за згаснувањето на телевизијата „А1“ .

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...