fbpx
Таг: ТикТакТиктак

таг: ТикТакТиктак

Што е Груевски, премиер или шеф на агенција за вработување?

Градска болница, Национален парк „Галичица“, спроведување интервјуа за работа во Управата за јавни приходи, се само мал дел од вработувањата за кои интервенирал премиерот Никола Груевски, а се објавени во разговорите од последната „бомба“ на СДСМ. За секое вработување, па дури и кога не станува збор за високи позиции, Груевски морало да биде консултиран или да знае кој ги предлага лицата што биле...

Денеска во 14 часот „бомба“ во Скопје

Денеска во 14 часот, во седиштето на СДСМ ќе биде презентирана дваесеттата „бомба“. Најчесто „бомбите“ ги најавува партискиот портпарол на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“, но денеска, и покрај шпекулациите, Петре Шилегов сè уште нема најавено прес-конференција.  

Ти мене трибина, јас тебе митинг…

Додека владејачката ВМРО-ДПМНЕ најавува типичен предизборен митинг за недела во Скопје, како контратрибина на онаа на СДСМ во „Универзална сала“, која, исто, на моменти заличи и на отворање на изборната сезона, се појавија информации дека следните вакви трибини опозициската партија ќе ги практикува во другите градови во земјава. Тоа, во едно интервју, иако не експлицитно, го најави и лидерот на СДСМ, Зоран...

ВМРО-ДПМНЕ организира трибина в недела во „Борис Трајковски“

Владеjачката партија ВМРО-ДПМНЕ в недела, во салата „Борис Трајковски“, ќе организира трибина за актуелната политичка ситуација, објави „Дневник“, повикувајќи се на извори во Извршниот комитет на партијата. На трибината главен говорник ќе биде премиерот Никола Груевски, а ќе се обратат и други членови на партијата. Како што пишува весникот, граѓаните на трибината ќе можат да ги слушнат ставовите на партијата за актуелните...

Жерновски: Сега граѓаните гледаат што се случувало во Македонија

Одговорајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција, Андреј Жерновски рече дека советникот кому Сашо Мијалков и Миле Јанакиески му нуделе поткуп, и покрај големиот притисок, не попуштил. Градоначалникот му честиташе на советникот од партијата Нова алтернарива и рече дека разговарале и знаел низ каков притосок поминал. Жерновски рече дека имало притисоци и за другите советници, но не сакаше да зборува во...

Јанакиески: Не знам колку сурови да бидеме…

Андреј Жерновски, градоначалникот на Општина Центар, денеска во хотелот „Бест вестерн“ презентираше дел од „бомбите“ што се однесуваат на изборните нерегуларности во таа општина и побара оставки и преодна влада. Во денеска објавените снимки, според Жерновски, има разговори меѓу директорт на УБК, Сашо Мијалков, и уредникот на „Сител“, Драган Павловиќ-Латас. Од снимката се слуша како велат дека „многу лесно ќе го...

На седница на Совет денеска побарана оставка од градоначалникот Талески

Битолската опозиција денеска и официјално на седницата на Советот побара оставка од градоначалникот Владимир Талески. Откако во една од „бомбите“ на опозицискиот СДСМ беше објавена аудиоснимка во која, според Заев, вицепремиерот Зоран Ставрески зборува за криминал во работењето на градоначалникот Талески, денеска советниците на ЛДП и на СДСМ во општинскиот Совет побараа, како точка на дневниот ред, да се постави прашањето...

Шекеринска разговараше со државниот секретар за европски прашања на Португалија

Заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска се сретнала со Бруно Мачес, државен секретар за европски прашања на Португалија. Како што информираат од опозицискиот СДСМ, тема на средбата била сериозната политичка криза во Македонија и можните излезни решенија и последиците од недемократските состојби во земјава врз евроинтеграциите. Шекеринска рекла дека доказите што ги презентира СДСМ на јавноста само ги потврдуваат критичните точки...

Стојанче Ангелов на МРТ ѝ ги достави снимките од прислушуваните разговори

Стојанче Ангелов, поранешен генерал на АРМ,  вечерва до Македонска радио-телевизија ги достави снимките што СДСМ вчера ги објави и побара да бидат емитувани во ударниот термин на информативниот сервис. Со десетици поддржувачи, тој со овој гест побара МРТ да се ослободи од политичкото влијание и да престане да ѝ служи на партијата на власт. Ангелов рече дека доколку не бидат емитувани вечерва, нема да ги...

Јакимовски: Треба да заврши циркусот на Заев

Лидерот на ГРОМ и градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска, одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција, рече дека не го слушнал, како што вели, наводниот разговор меѓу него и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање. Јакимовски ги повика судските органи да преземат нешто и рече дека, конечно, време е фарсата да заврши. -  Она што мислам е дека, конечно,...

Заев за албански „Топ ченел“: ДУИ и ДПА се слуги на власта

Двете најголеми партии на Албанците во Македонија се слуги на власта и работат во интерес на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, изјави синоќа Зоран Заев, претседателот на СДСМ, во интервју за албанската телевизија„Топ ченел“, пренесе порталот „МКД.мк“. Во емисијата „Шќип“ на Ридина Џунга, Заев рече дека ДУИ и ДПА се слуги на актуелната власт, која „целосно ги контролира албанските политички партии во Македонија“. Заев...

Заев вечерва во „Универзална“ ќе понуди преодна влада?

Вечерва во „Универзална сала“, со почеток во 19 часот,  ќе се одржи трибина „Вистината за Македонија: Изборен грабеж“, организирана од СДСМ. Како што најави лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на трибината ќе ги објават доказите за тоа како ВМРО-ДПМНЕ во неколку изборни циклуси ги фалсификувала изборите. На последната прес-конференција на Заев, која се одржа во петокот, лидерот на СДСМ рече...

Зврлевски: Не гледам причина за недоверба во работата на јавниот обвинител

Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, изјавил дека не гледа никаква причина за недоверба и за сомневање во неговата работа, објави „Дојче веле“, отакако партијата ДОМ, која е дел од владејачката коалиција, преку соопштение побара Зврлевски да си поднесе оставка. - Јас не гледам причина за недоверба и за сомневање во работата на државниот јавен обвинител. Досега, со моето професионално постапување...

Објавена нова видеоснимка од кабинетот на Груевски

На интернет-сервисот „Јутјуб“ е објавена нова видеоснимка од кабинетот на премиерот Никола Груевски. На снимката се гледа како Груевски и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, разговараат за изборите, а Заев вели дека анкетите покажувале дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи. Во реакцијата на СДСМ, пуштена по објавувањето на видеозаписот во медиумите, се наведува дека Груевски правел ново кривично дело со тоа што...

СДСМ: Груевски е уплашен од сенката на сопствените изборни грабежи

Целата јавност се увери како Никола Груевски и неколкумина негови блиски соработници местат и крадат избори. Преку криминал, со издавања фалсификат лични документи, преку казни во илјадници евра на фирми, такси-компании, преку притисоци врз земјоделците, администрацијата, наставниците, врз најранливата категорија граѓани – социјално загрозенитe, пишува во реакцијата на СДСМ за денешната изјава на премиерот. „Јавноста беше сведок како лично Никола Груевски нарачува...

ДОМ бара оставка од јавниот обвинител

ДОМ смета дека политичката криза бара итни мерки за решавање во инстиуциите и оти е неопходен дијалог меѓу власта и опозицијата. „Сметаме дека разврската треба да почне со оставка на јавниот обвинител, враќање на опозицијата во Собранието и избор на нов обвинител, со консензус на сите политички партии. Потоа треба да се водат паралелно два транспарентни процеса: судски и парламентарен преку...

ДИК во понеделник ќе има став за снимките на Заев

По вчера објавените снимки на лидерот на СДСМ, Зоран Заев , во кои, тој тврди, владини функционери местат и фалсификуваат избори, денеска членови на Државната изборна комисија изјавија дека в понеделник ќе разговараат за темата на седница на комисијата, објави „Нова ТВ“. Актуелниот претседател на ДИК, Никола Рилкоски, во изјава за медиуми, вели дека не е информиран за снимките и...

Заев за „Би-Би-Си“: Се потврди грабежот во последните три изборни циклуси

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по објавувањето на седмата „бомба“ поврзана со изборните нерегуларности во 2011 година за време на предвремените парламентарни избори и во 2013 година за локалните избори, даде интервју за „Би-Би-Си“. Заев тврди дека, за време на овој процес на споделување на сите докази и аргументи, ќе се покаже што се случувало во последните три изборни циклуси,...

Ашмет Елезовски: Правата на Ромите се прекршени како никогаш досега

Денеска точно напладне, во паркот Жена-борец, Ашмет Елезовски, член на извршниот одбор на „Европски и ромски патувачки форум“ (ЕРТФ) ќе даде изјава за состајбата со злоупотребите и со прекршувањата на човековите права на Ромите. Во соопштението за медиуми, пишува дека како никогаш претходно, состојбата со правата на Ромите во Македонија не доживеала толку голем чекор наназад, како што тоа е...

Најсочните изјави на министерот Миле Јанакиески

Во снимените разговори што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги објави денеска, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, заедно со министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, ја дели главната улога. На Јанакиески, очигледно, му била дадена голема одговорност за локалните избори во 2013 година. Министерот за транспорт и врски во досега нечуено издание...   Јанакиески на непознат соговорник: „Кире, овие што се од Гази Баба,...

За три години нема ниту една пресуда за предизвикување шумски пожар

Никој во последниве години не одговарал и не бил осуден за кривичното дело „предизвикување шумски пожар“. Мета.мк ги побара податоците од Кривичниот суд за тоа колку пресуди биле донесени...