fbpx

Тандемот Груевски – Јанакиески ги минирал противниците

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одржа прес-конференција на која објави нови аудиоснимки од прислушувани разговори.

– Братучедите Груевски и Мијалков имаат контрола врз сите институции. Се работи за спасување на Груевски и затоа почнува да ја лаже јавноста. Празни фрази за некакви клонирани комбиња, лажни материјали само за да се спаси. Се стави во функција на полициски портпарол и ја молеше јавноста да ги затвори очите и ушите кон овие злодела. Денеска ќе објавиме нови докази кои целосно го покажуваат вистинското лице на Груевски. Веднаш по изборите во 2011 година и уништувањето на „А1“, почнуваат акција за рушење на бизнисот на Фијат Цаноски – рече Заев.

Првата снимка што ја објави Заев, според него, е разговор помеѓу министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и премиерот Никола Груевски, во кој премиерот му вели „да тера со планот кој му го пуштил по порака“.

Во вториот разговор, Груевски му сугерира на Јанакиески да го сменат деталниот урбанистички план за тој дел.

– На тоа место да се гради парк. Или половина парк да се направи, а половина да му се намали габаритот на објектот – вели Груевски во разговорот.

Во третата аудиоснимка што беше објавена, според Заев, Груевски вели да се смени и генералниот урбанистички план за тој дел од градот.

Во следниот разговор, Груевски му вели на Јанакиески дека треба да се спроведе акција. Понатаму во разговорите Груевски дава инструкции кога да се урне објектот „Космос“, сопственост на Фијат Цаноски.

– Спремете се како да е за утре, а може да биде во понеделник, на 1 август, кога е фул сезона на годишни одмори – му вели Груевски на Јанакиески во снимениот разговор.

Понатаму Заев објави разговори на Груевски со Јанакиески по рушењето на објектот на Цаноски.

– Се појави судијка, се јави и во општината, се плашам да не ни даде судски налог за забрана на рушење – вели Јанакиески на снимката.

Во разговорот, Груевски му сугерира на Јанакиески да се јави кај „највисокиот“.

Понатаму премиерот инсистира на поголема штета затоа што тврди дека досега тоа што е срушено е многу малку.

– Ќе ги сечеме столбовите за да не правиме тендери. Проблемот е што првите два спрата се бетонски и тоа ни прави проблем. Ги земавме најаките камиони – вели Јанакиески.

Во последната снимка, Груевски и Јанакиески разговараат за случајот „Пајажина“.

– Од Запад инсистираат да се почитува законот и ако е само Фијат, да се срушат и други. Ако е Фијат само, срушете и други. За медиумите велат дека тоа е регионален проблем, не е само кај нас. И вака кога ни кажува, убаво кажува – вели Груевски.

Јанакиески му посочува неколку објекти каде што може да се урива низ дражавата.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...