Обвинителството бара да го остават на мира

-

Јавното обвинителство денеска преку соопштение реагира на, како што велат оттаму, притисоците и нагласените повици за конечни одговори во врска со аферата „Прислушување“ и со случајот „Пуч“, како и повиците за лична и за колективна одговорност.

„Сметајќи дека со ваквите напади, се нарушува независното работење на јавните обвинители, како одговорни за гонење на сторителите на кривичните дела, ја информираме јавноста дека ниту Јавното обвинителство како институција, ниту кој било јавен обвинител нема да дозволат да бидат вклучени во интригите, ниту преку нив да се пресметуваат меѓусебно лицата инволвирани во случувањата, без разлика на причините и на мотивите поради кои тоа се прави“, стои во соопштението.

Од Jавното обинителство наведуваат дека истражната постапка по предметите бара преземање дејства, внимание, посветеност и време.

„Надлежните обвинители во основните јавни обвинителства кои работат на предметите не можат да излезат со став или изјава пред конечно утврдување на сите фактички и правни прашања поврзани со дадените настани“, велат од Јавното обвинителство.

За објавените снимки, за кои „се коментира дека, наводно, потекнуваат од примена на посебни истражни мерки, надлежните обвинителства издадоа наредби до надлежни органи за преземање мерки и дејства за да се извршат проверки и да се соберат известувања дали се работи за делови од истражни мерки или се други материјали, за тоа кој, кога и на кој начин ги објавил материјалите“, стои во соопштението и се додава дека: „До надлежните институции дадена е наредба да се отстранат снимките и да се спречат нивните натамошни објавувања. Исто така, се преземаат и активни дејства за материјалите што се однесуваат на наводно прислушувани разговори, а кои се објавуваат од страна на СДСМ“.

Според Jавното обвинителство, несериозно е надлежните обвинителства да даваат нецелосно проверени информации и, на тој начин, да ги поддржат шпекулациите и, како што велат оттаму, „да заземаат страна“.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...