fbpx

Најсочните изјави на министерката Гордана Јанкулоска

-

Во снимените разговори, кои лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги објави денеска, а се однесуваа на локалните избори во 2013 година, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска има една од главните улоги и сочно и релјефно им зборува на соговорниците.

Јанкулоска на Кирил Божиновски:

„Имаме 50 души у стан од 40 квадрати.  Е сега, тоа е тоа.“

Јанкулоска на Мартин Протоѓер:

„Човечињава идат и гласаат и ќутат. И климаат со глава. Тој еден луд џандар ѝ вика: госпоѓо, отстапи… Лудница. Ама знаеш, таму е стварно лудница, ама си гласаат луѓево… хахаха…“ 

„Сите будалетинки се пуштени на интервенција. А, знаеш провокации, што ти не, ама битно човечињава за рака се држат, влегуваат и гласаат, патент на уста. Па, ги снимале за рака кај што одат, па ги објавиле на „Либертас“ или не знам кој. Циркус е, циркус е, мислам лудица. Ние, сега ќе организирам, у седум искачаме и викаме: беше фер, демократски, мирно, нема пријави… Освен овие за Струга ќе оставиме простор. Другово, прогласуваме победа“.

Јанкулоска на непознат соговорник:

 „Треба таму многу внимателно, оти они, Циганиве многу ги држи Циц. Ти кажав кога беше тоа за поплавите, по која линија. И може да нè издадат“. 

Јанкулоска на Миле Јанакиески:

„Куманово, ако имаме начин да договориме со ДУИ, мислам дека има шанси да го земеме, оти не се многу гласови“. 

„Е, па рака да поништиме, на пример“, а во моментот кога колегата ја прашува дали има основа за поништување, министерката вели: „Па, еее… основ колку што имаше за Струмица, 10 ќе поништиме избирачки места и да се фатат за врат Албанците, нема кој да не излезе…“

Јанкулоска на Кирил Божиновски:

„Еве ги кај мене, во вакво, на пет метра од местото од кај што јас и ти разговараме, Кире, хахаха… На работа сме си сите ние, кај нас штаб имаме. Мислам имаме два штаба, еден штаб кај мене на спрат, тој е месен комитет на ВМРО околу Центар, све има кај нас, а другиот ни е доле у сала, кај што доаѓаат амбасадорите, овој, оној, и ја повремено таму улетувам, да видат амбасадорите дека све е ок. После, се качувам кај мене на спрат и си работиме партиски работи. Така сме си ние организирани.“

Јанкулоска на непознат соговорник:

„Ние во МВР, ВМРО – МВРО, исто, два штаба имаме… Еден партиски, еден за странците кај што ги носиме. Ич немаме, за разлика од други институции, не се устручаваме за ништо. Кол-центар имаме во МВР. “

Јанкулоска на Миле Јанакиески:

„Па сите… ДУИ не носат толку многу луѓе, ама на СДСМ салата ги правиме“. 

Јанкуловска на Васил Пишев:

„Види, му кажав на Славе, таму каде што мислите дека е тенко, не пишувајте записници, остајте простор за приговор, неаме контрола таму, остајте простор, па после за уши Циган по Циган ќе ги вадиме. Сега мора така, оти затворени се избирачките места.“

Јанкулоска со Славе Ѓошев:

„Ако е кај Ромите, за уши ќе ги носиме, не смее да писне… битно не помина у прв“. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...