fbpx

Берлин стои зад идејата за „мерки за доверба“ помеѓу Скопје и Атина

-

Иницијативата за нови разговори меѓу Македонија и Грција за усвојување мерки за градење доверба не е нова и веќе извесно време заткулисно се разговара за неа.

Ова го тврди грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на дипломатски извори кои тврдат дека зад иницијативата стои германската влада.

Според весникот, оцените во дипломатските кругови во Атина се дека идејата не е едноставна и на неа се работи веќе подолго време.

„Според дипломатски извори, Атина има добиено уверување дека и Скопје го прифаќа разговорот, како и дека се имаат обврзано дека нема да постават други теми на преговарачката маса, како, на пример, прашањето за малцинството и поради ова и постои позитивен одговор од премиерот Алексис Ципрас и од министерот Коѕиас за оваа тема“, пишува „Катимерини“.

Весникот посочува дека оцената на грчките дипломати е дека иредентизмот од македонска страна се спроведува само за да се поддржи политиката на антиквизација на Владата на Никола Груевски.

Од грчка страна, првпат се слушна за оваа идеја минатата недела, од извори на грчкото Министерство за надворешни работи, кои забележаа дека мерките, главно, би биле во насока на справување со иредентизмот на македонската влада, како, на пример, мерки поврзани со учебниците и со географските карти.

Самата идеја, грчкиот министер Никос Коѕиас му ја пренесе на македонскиот шеф на дипломатијата, Никола Попоски, викендов во Рига.

Додека Коѕиас и грчкото министерство размислуваат за мерките за градење доверба, од коалицискиот партнер на СИРИЗА, Независни Грци, и натаму тврдат дека нема да дозволат нашата држава да го користи името Македонија.

Првиот човек на партијата и министер за одбрана, Панос Каменос, викендов на состанокот на партијата истакна дека не планираат да се повлечат од црвените линии околу прашањата со кои не се согласуваат со СИРИЗА, како, на пример, околу спорот за името. Каменос беше дециден дека нема да се согласат со идејата терминот „Македонија“ да биде дел од конечното име, независно од тоа колку партии и страни ја поддржуваат таа идеја.

– Ние ниту сме го излажале, ниту планираме да го лажеме грчкиот народ – истакна Каменос.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...