fbpx

Град Скопје: Не проветрувајте за да не дишете отров

-

Откако неколку дена загаденоста е на многу високо ниво, од Град Скопје издадоа мерки од прв степен поради надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10).

Мерките за граѓаните вклучуваат ограничување на движење на отворен простор само на неопходното, да не се користат автомобили без поголема потреба и да се користат средствата за јавен превоз. Тие повикуваат при затоплување на своите домови, граѓаните да не користат отпадни материи, како отпадни масла, лакирани и обоени отпадоци од дрво и од мебел, стиропор, пластична амбалажа, гума или синтетички материјали.

Град Скопје им препорачува на граѓаните да не ги проветруваат просториите во кои престојуваат, да не се користат уреди за затоплување и за готвење на фосилни горива, а на малите деца, бремените жени, хроничните болни и на постарите луѓе им препорачуваат да не излегуваат на отворено.

Оттаму предупредуваат да се одложат сите активности со корозивни хемикалии, лепаци, бои, лакови, пестициди, со кои се загадува воздухот во просториите, возачите на тешките товарни возила да ја почитуваат сообраќајната сигнализација за движење низ градот, камионите да не се користат ако немаат регулирано испуштање на отпадните гасови.

Градот ги повикува раководителите на градилиштата пред пуштање на камионите надвор од градилиштето задолжително да ги мијат гумите, а кога се превезува материјалот од градежен ископ, тој да биде затворен со церада. Оттаму апелираат до стопанствениците технолошките процеси да ги вршат со крајна претпазливост и да избегнуваат сè што не е нужно, а може да влијае на квалитетот на воздухот во градот, како и да соработуваат со зајакнатиот инспекциски надзор од Инспекторатот на Град Скопје.

Загаденоста на амбиталниот воздух во Скопје, Кичево и во Тетово во 14 часот беше на многу високо ниво. На мерните станици Битола-2 и во Кочани присуството на канцерогените ПМ10-честички е на високо ниво, а во Велес и во Кавадарци на средно ниво.

Во скопските општини Центар и Карпош се забележува високо ниво и на ПМ2,5-честиките, во Лисиче високо ниво на јаглероден моноксид, а во Гази Баба на азот диоксид.

Синоќа жителите на скопската населба Лисиче дишеа отров. Таму количеството на ПМ10-честички во 22 часот беше 700 микрограми на еден кубен метар, што е за 14 пати повеќе од дозволените 50 микрограми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...