понеделник, 13 април, 2026
Meta.mk

Ознака: воздух | 196 резултати

Ноемвриско загадување во Тетово: PM10 и PM2.5 честичките ги надминаа дозволените граници

ноември 20, 2025

Некои од најголемите причини за аерозагадувањето се добро познати, како што е греењето со дрва и други материјали кои се употребуваат за затоплување, како и издувните гасови од возилата

Контраспин: Европската комисија не ја пофали општина Тетово за животната средина, како што тврдaт од општината

ноември 13, 2025

Дека проблемот со години останува нерешен покажуваат и податоците за загадувањето, кои секоја година во текот на месеците ноември, декември, јануари и февруари го достигнуваат својот максимум, пишува „Порталб“

Воздухот над Трубарево се расчистува, ќе се чекаат податоци дали е загадена почвата

септември 22, 2025

Министерот за животна средина Изет Меџити денеска изјави дека воздухот во Трубарево, по големиот пожар во компанијата за пластичен и електронски отпад, е чист. Тој информира дека се очекуваат и нови резултати од испитувањата на почвата, за кои Институтот за јавно здравје потврди дека на една локација каде што гореа литиумски батерии има зголемени вредности […]

Воздухот во Трубарево има високи концентрации на јаглерод моноксид, покажале првичните резултати

септември 16, 2025

Воздухот во Трубарево има концентрации на јаглерод моноксид од 300 mg/m3, додека просечната вредност не треба да надминува 10 mg/m3. Надминати се и вредностите на други загадувачки параметри, покажале првичните резултати од мерењето на гасовите во воздухот од примероци земени на денот на пожарот во компанијата Ф-Групација. Директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана […]

Проф. д-р Ѓорѓев: Отровите од чадот од Дрисла предизвикуваат анемија, белодробни и срцеви болести

септември 11, 2025

Mетанот и другите штетни гасови кои се испуштаат во услови на чад или пожар, покрај негативните ефекти кои ги имаат врз белите дробови, навлегуваат во крвта, па прават оштетувања во крвниот систем, односно го пометуваат хематолошкиот систем, предизвикуваат анемии, срцеви болести. На ова предупредува професорот по здравствена екологија, проф. д-р Драган Ѓорѓев, откако веќе со […]

Струмичани маршираа против загадениот воздух

февруари 1, 2025

„Нема да дозволиме да нè гушат со отрови додека институциите се со кренати раменици. Локалната и централната власт како надлежни гласно молчат со години, но ние повеќе нема да молчиме. До кога ќе мируваме, додека не убиваат заради профит“, порачаа денеска струмичани на големиот протест против загадениот воздух. Под мотото „Забрането дишење“, жителите на овој […]

Moнтиран системот за компримиран воздух на Клинички

јануари 22, 2025

Монтиран и инсталиран е системот за компримиран воздух на комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираат во Министерството за здравство. Оттаму велат дека инсталирани се три компресори со потребната придружна опрема (резервоари, сепаратор, автоматски одвојувач на конденз електронски контролиран, циклонски сепаратор отстранување на влага и масло на излезен степен од компресор и друга опрема). „Извршена е замена […]

Скопје втор најзагаден град во светот, Струмица повторно го надмина прагот на алармирање

јануари 8, 2025

Скопје и денеска е меѓу најзагадените градови во светот. Воздухот е преполн во ПМ 2.5 честички, чија концентрација е 95 микрограми на кубен метар, четирипати над максимално дозволените граници, или речиси дваесетпати повисоки од препораките на Светската здравствена организација. Во Скопје, денеска воздухот е полн и со ПМ 10, од 134 микрограми, што е речиси […]

Скопје утрово е повторно најзагадениот град во Европа споре „IQAir“

декември 23, 2024

Скопје утрово повторно се најде на листата како најзагаден град во Европа, според моменталните податоци на платформата „IQ Air“. Индексот на загаденост изнесува 157, што го става главниот град во категоријата на небезбеден воздух за дишење. Покрај тоа што е град со најзагаден воздух во Европа, Скопје во моментов е на единаесто место по загаденост […]

Младите бараат општините да инвестираат во мерки за чист воздух

октомври 26, 2024

Мерките за чист воздух да бидат приорет за локалните власти, побараа младите од Куманово, Кавадарци, Скопје, Велес и Гостивар, кои во рамките на проектот „Младинска акција за чист воздух“ на Центарот за климатски промени, учествуваа на 15 младински форуми. Младите од овие градови креираа и свои барања и ги претставија пред општинските службеници и советниците. […]

Не отворајте прозорци, надвор носете маска – ИЈЗ со препораки при високо аерозагадување

декември 25, 2023

Аерозагадувањето е високо деновиве, посебно во главниот град, па заради заштита на потенцијалните штетни здравствени ефекти на суспендираните (лебдечки честички), во моментите кога нивните концентрации се драстично зголемени, Институтот за јавно здравје има низа препораки за населението кои треба да се почитуваат. „Во градовите со „екстремно лош (сиромашен)” индекс на квалитет на воздух, населението треба […]

Со огромни прашалници активисти запрашаа: „Ќе се дише ли зимава“?

декември 9, 2022

Со портокалови огромни прашалници, поставени на плоштад „Македонија“ и пред ЈУ Дом на културата „Кочо Рацин“ во Скопје, активистите од Младинскиот образовен форум прашаа „Ќе се дише ли зимава“? Оваа иницијатива, како што соопштија од МОФ, има за цел да ја подигне свеста на институциите во однос на сите прашања поврзани со животната средина и […]

Без повеќе мерни станици нема ефикасни мерки против загадувањето на воздухот

декември 15, 2021

Да се зголеми бројот на мониторинг станици за мерење на квалитетот на воздухот кои ќе помогнат да се лоцираат загадувачите, апелираат граѓанските активисти во очи на сезоната на високи вредности на ПМ 2,5 и ПМ 10 честички. Квалитетот на воздухот што го дишиме може да се подобри ако се направи хипер-мрежа на мерни места, кои […]

Лабораторијата за животна средина добива уред за мерење на загадување на воздухот од стационарни извори

септември 13, 2021

Министерството за животна средина и просторно планирање склучи договор со две компании од Скопје за набавка на мерни инструменти за Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух (ДАМСКАВ) и за Централната лабораторија за животна средина која набавува преносен анализатор за мерење на концентрација на емисии на гасови од стационарни извори на загадување. Новиот […]

Мерките за заштита на граѓаните од загадениот воздух во Тетово, Куманово и Кавадарци престануваат да важат

ноември 30, 2020

Согласно податоците од Државен автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи на 30 ноември среднодневните концентрации на ПМ10-честичките се под дефинираниот праг на алармирање од 175 микрограми на метар кубен на мерните места во Тетово, Куманово и Кавадарци и со тоа престануваат да важат препораките […]

Заев најави затворање на првиот блок на РЕК Битола како и централите кои работат на јаглен

октомври 16, 2020

Првиот блок на РЕК Битола ќе биде затворен за најмногу пет години. Следува период во кој ќе мора да се затворат сите централи кои работат на јаглен, најави премиерот Зоран Заев кој денеска заедно со градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, генералниот директор на АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) Васко Ковачевски и директорот на […]

По две години во „магла“, пред крај се набавките за нови инструменти за мерење ПМ-10 честички

септември 21, 2020

Од 17 мерни места низ земјава, каде што Министерството за животна средина и просторно планирање ја контролира состојбата со квалитетот на воздухот, шест не мерат ПМ-10 честички. Од нив четири се расипани, во Гази Баба, Миладиновци, Битола и Струмица, а во две, Ѓорче Петров и Карпош, инструментите се исклучени, бидејќи не даваат точни резултати. На […]

Аерозагадувањето, климатските промени и обновливите извори највисоко на еколошката агенда на новата Влада

септември 1, 2020

Интензивно зазеленување на земјата и промена на начините за загревање на институциите и домовите, како еден од најитните одговори на аерозагадувањето, потоа соодветен третман на отпадот како и нови транспортни политики со акцент на субвенции за еколошки возила и велосипеди, се главните еколошки определби на новата Влада во програмата за периодот од 2020 до 2024 […]

Инженерите може да понудат решенија за загадениот воздух

март 4, 2020

Градовите може да станат одржливи и да бидат подобро место за живеење доколку се искористи креативноста на инженерите, беше констатирано на денешното одбележување на Светскиот инженерски ден во Комората на овластени архитекти и овластени инженери (КОАИ). „Како што инженерите проектираат и градат објекти и сообраќајници, треба и да понудат решенија за намалување на загадувањето како […]

Општина Тетово не ги спроведе мерките за загадениот воздух кои самата ги изготви

февруари 3, 2020

„Стратегијата на Општина Тетово против загадениот воздух”, која содржи вкупно 22 точки, беше изготвена во времето кога Тетово се наоѓаше на листата на најзагадените градови во светот, поминаа речиси четири години, но никогаш не се реализираше целосно, пишува „Порталб.мк“. Жителите на Тетово само последните недели вдишуваат воздух што е од четири до осум пати позагаден […]

Страна 1 од 10