среда, 11 март, 2026
Meta.mk

Ознака: ПМ10-честички | 62 резултати

Надворешен прочистувач на воздух на иноваторот Поцков ги неутрализира ПМ-10 честичките

7 мај 2023

Надворешен прочистувач на загаден воздух со вградени филтри, дело на македонскиот иноватор Ивица Поцков, е поставен на улицата Орце Николов во центарот на Скопје. „Аеро С“ e прв прочистувач од овој тип во Скопје и во регионот, кој е наменет да ги неутрализира и собира ПМ-10 честичките и со тоа да го намали загадувањето на […]

Извештаите за загадувањето на скопскиот воздух преполни со недостатоци [инфографик]

22 март 2023

Квалитетот на воздухот на мерните станици Центар и Карпош е непознат за февруари 2023 година во делот на најопасните ПМ-2.5 честички, бидејќи во редовниот месечен извештај воопшто нема податоци за тоа, колкаво било присуството на овие загадувачки супстанци во скопскиот воздух. Случајно или не, податоците се неверодостојни и за традиционално најзагадената локација во Скопје – […]

Изложбата „Асфиксија“ на Драган Божинов – уметнички поглед на аерозагадувањето

20 март 2023

Во саботата во Јуроп хаус во Скопје беше отворена изложбата „Асфиксија“ („Asphyxia“) на уметникот Драган Божинов. Она што ја прави оваа изложба уникатна е тоа што уметникот своите 33 изложени дела ги насликал со ПМ-10 честички, земени од надворешен прочистувач. „Затвори очи, но, затвори и нос и уста, па замисли… замисли сивило. Тоа е она […]

Дваесет отсто од смртните случаи во земјава се последица на аерозагадувањето

22 јануари 2023

Во Македонија речиси 20 отсто од смртните случаи се поврзани со аерозагадувањето. Ова го покажала анализата на Институтот за јавно здравје насловена како „Процена на здравствени ризици од аерозагадување со суспендирани честички“, на која работела доцент д-р Мирјана Димовска од овој Институт. За тоа, што му прават ПМ-2,5 честичките на организмот, кои болести се поврзани […]

Кривична пријава од Град Скопје за цементарницата „Титан Усје“ поради загадување на воздухот

12 јануари 2023

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска иницирала покренување кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ зашто го загадува воздухот, почвата и водата, со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето. Таа денеска на прес-конференција истакна дека на иницијатива на градот и во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец извршени биле мерења […]

Зимава во Карпош воздухот бил најчист, додека Лисиче, Ректорат и Гази Баба најзагадени [инфографик]

8 февруари 2022

Проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје останува актуелен, но бројот на денови со нечист воздух и измерените загадувачки концентрации изминатава зима се нешто помали во споредба со претходната зима, особено кај најопасните ПМ 2.5 честички. Во текот на декември 2021 и јануари 2022 година од петте постојани мерни станици во Скопје, произлегува дека најчист […]

Берово доби мерна станица и го сруши митот за чист планински воздух во градот

2 февруари 2022

Мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот доби Берово и првичните резултати од мерењата го срушија митот за чистиот планински воздух во овој град. О2 Иницијативата направи анализа на аерозагадувањето во Берово, при што констатираат дека редовни се концентрациите на PM10 честички над 100 микрограми на метар кубен, додека PM2.5 честичките се доста високи, […]

Загадувањето на воздухот повторно алармантно, нема реакција од институциите

6 јануари 2022

Во првите денови од 2022 година, аерозагадувањето во земјава достигнува загрижувачки нивоа, но изостанува реакција на институциите. Веќе втор ден по ред, мерната станица во скопско Лисиче и Струмица е регистрирано присуство на ПМ-10 честички во воздухот над прагот за алармирање, но нема реакција од институциите. Според измерените податоци од мерните станици со кои управува […]

Воздухот во Тетово и понатаму е загаден, недостигаат мерни станици, општината ветува решение

6 јануари 2022

Веќе неколку дена квалитетот на воздухот во градот Тетово е многу лош. Според програмата AirCare, на 3 јануари нивото на штетните честички ПМ 10 и ПМ 2.5 било високо, конкретно 138 и 128 микрограми на метар кубен, што ја надминува дозволените количини во воздухот. Ниту локалните ниту централните власти немаат преземено сериозни мерки за решавање […]

Екологистите бараат построги мерки и координација меѓу институциите против аерозагадувањето

29 декември 2021

Наместо тесно-партиски ставови и обвинувања, од Еко-свест бараат многу позасилени напори и работење во континуитет за изнаоѓање системски одржливи решенија, со кои аерозагадувањето во Скопје ќе се намали, а со тоа и ризиците по здравјето на неговите жители. Од Еко-свест велат дека голем дел од краткорочните мерки и препораки, како и нивниот ефект, зависи од […]

Надминат е прагот за алармирање од ПМ-10 честички во воздухот во Скопје и Струмица

27 декември 2021

Граѓаните дишат енормно загаден воздух изминативе денови, а институциите и политичките партии си ја префрлаат меѓусебно вината за аерозагадувањето во Скопје, но и во останаттие градови. Од Министерството за животна средина и просторно планирање попладнево информираа дека е надминат прагот на алармирање за суспендирани ПМ-10 честички во воздухот, поради тоа што во текот на два […]

Помалку NO2 и ПМ-2.5 честички се дишеле во Скопје во карантинот, потврдува истражувањето на ЦКП

26 декември 2020

Помалку азотен двооксид (NO2) и ПМ-2.5 честички сме дишеле во Скопје во периодот на карантин од 18 март до 26 мај во споредба со истиот период од 2019 година, покажува истражувањето за влијанието на сообраќајот врз загадувањето на воздухот во Скопје спроведено од експертскиот тим предводен проф. д-р Дејан Мираковски, проректор на Универзитетот „Гоце Делчев“ […]

Град Скопје: Денеска на пладне запираат вонредните мерки за загадувањето

29 јануари 2020

Град Скопје информира дека денеска од 12 часот се укинуваат вонредните мерки меѓу кои сe и бесплатниот јавен превоз и поскапениот паркинг, како и интервентните препораки за намалување на загадувањето на воздухот што беа воведени на 27 јануари 2020 година. „На мерните станици во главниот град среднодневните концентрации на ПМ10-честички во воздухот се под дефинираниот […]

Аерозагадувањето расте, греење нема, мерачите се исклучени, нови дури догодина

28 јуни 2019

Загаден воздух со вредност од дури 404 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички кај скопски Ректорат беа забележани на страницата „Мој воздух“ денес во 11 часот. На половина од календарската 2019 година, државата се уште не ја извршила набавката на инструментите од мрежата на 17 мерни станици во земјата кои го мерат аерозагадувањето, а […]

Надлежните препорачуваат ограничени движења на отворено поради аерозагадувањето

4 декември 2018

На мерните станици Скопје – Бутел, Центар, Карпош и Ректорат, Кичево, Куманово, Миладиновци, Струмица, Битола 1, Тетово и Кавадарци е надмината вредноста на ПМ10 честичките од 100 микрограми на кубен метар во текот на два последователни дена, при што Министерството за животна средина ги извести Институтот за јавно здравје, Државниот инспекторат за животна средина, Град […]

Воздухот почна да нѐ труе, мерните станици отидоа на сервис

29 октомври 2018

Граѓаните со месеци не можат реално да се информираат за нивото на загадување на воздухот во дел од најзагадените подрачја во земјава. Сензорите на повеќето мерни станици кои го прикажуваат најчестиот вид на загадување не испраќаат податоци до Министерството за животна средина. Во скопските населби Гази Баба и Лисиче мерните станици работат селективно, па така, […]

На протестот против загадувањето на воздухот само педесетина луѓе

14 јануари 2018

Од вчера најавените помалку од 600 луѓе на настанот на Фејсбук, денеска пред Владата на Република Македонија се појавија педесетина луѓе за да протестираат против загадувањето на воздухот. „Вие и вашите деца дишете ли друг водух?“ „Чист воздух – здрави деца“ беа само дел од транспарентите изложени пред владата. Присутните се разочарани од одзивот на […]

Во Скопје денеска не се гледа и не се дише од енормно загадување и магла

14 декември 2017

Утринава скопјани се разбудија во густа магла, намалена видливост и големо загадување на амбиенталниот воздух. Мерните станици на Министерството за животна средина, во скопското подрачје покажуваат енормно загадување на воздухот. Многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички и ПМ2,5-честички има во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат. Во Миладиновци, Велес, Кавадарци и Куманово нивото на […]

„О2“ бара пониски прагови за алармирање за загадувањето на воздухот

14 ноември 2017

Граѓанската иницијатива „О2“ – Коалиција за чист воздух, до Владата доставила предлог за намалување на праговите на информирање и алармирање на канцерогените ПМ10-честичките. „Неопходно е алармантната состојба да биде прогласена соодветно реалноста и опасностите по здравјето по секој жител, а не соодветно избегнување на бројот на вклучувања на тој аларм. Ако град Скопје не може […]

Загаден воздух во сите скопски општини – во Лисиче речиси 10 пати над дозволеното

12 ноември 2017

Нивото на загадување во сите скопски општини во изминатите 24 часа било над дозволеното, покажуваат мерните станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Според мерните станици, најголема загаденост во изминатото деноноќие е забележано во Лисиче, каде вчера во 18 часот биле измерени 486 микрограми на метар кубен ПМ10 честички. Во општина Центар, вчера […]

Страна 1 од 3