fbpx
Таг: ПМ10-честички

таг: ПМ10-честички

Скопје, Тетово, Битола и Кичево вечерва се задушуваат во смог

Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Тетово, Битола и Кичево вечерва се задушуваат во загаден воздух и во смог, а мерните станици поставени таму покажуваат многу високо ниво на канцерогените ПМ10-честички. Во Кавадарци загадувањето на амбиенталниот воздух е на високо ниво, а во Кочани и во Велес е на средно ниво. На мерните станици во Карпош и во Центар освен многу високо ниво на...

Вечерва сите мерни станици покажуваат многу високо ниво на аерозагадување

Многу висока концентрација на канцерогените ПМ10-честички вечерва е измерена на речиси сите мерни станици на Министерството за животна средина и просторно планирање. Мерните станици во Центар, Карпош, Гази Баба, Ректорат, Битола 1, Кичево, Тетово, Велес, Кочани и во Кавадарци покажуваат многу високо ниво на загаденост, мерната станица во Битола 2 покажува високо ниво, а во Миладиновце ниско ниво на загаденост. Освен...

Тетово го задушија ПМ10-честички и азот диоксид

Изминатата ноќ во Тетово беа измерени екстремни концетрации на штетни честички ПМ10 во воздухот, кој беше загаден 16 пати повеќе од дозволената вредност. И дозволената концетрација на гасот азот диоксид беше двапати надминатa. - Гасот азот диоксид е директно поврзан со издувните гасови на возилата. Сите сме свесни дека возилата согоруваат секакви непроверени деривати, а некои возила, иако неправилно го...

За пет дена, возење пар – непар, ако загадувањето продолжи

Загадувањето на амбиенталниот воздух изминатите неколку дена во Скопје, Кичево, Кочани, Миладиновци, Велес, Битола, Тетово и во Кавадарци е на многу високо ниво. Податоците на страницата за мерење на квалитетот на воздухот на Министерството за животна средина и просторно планирање, за 6, 7, 8 и за 9 ноември покажуваат дека средната дневна концентрација на суспендираните честички ПМ10 е над дозволените 50...

Вчера Тетово беше загадено 17 пати повеќе од дозволеното

Загадувањето на амбиенталниот воздух утрово е на високо ниво. Во скопските населби Лисиче, Центар и во Битола, Тетово и во Велес, концентрацијата на ПМ10-честичките е на високо ниво. Во Карпош, Гази Баба, Кичево и во Кавадарци канцерогените ПМ10-честички се на средно ниво. Во Центар и во Карпош, на единствените мерни станици каде се мерат и ПМ2,5-честичките нивната вредност е на...

Скопје, Битола и Тетово и денеска се задушуваат, а никој не се потресува

Утринава Скопје, Битола и Тетово се задушуваат во загаден воздух. Сите мерни станици во Скопје, двете мерни станици во Битола и мерната станица во Тетово покажуваат високо ниво на канцерогените честички ПМ10. Во Карпош, честичките ПМ2,5 се на многу виско ниво, а во Центар на високо ниво. Синоќа мерната станица во Тетово покажа 592 микрограми на еден кубен метар, што е...

Почна сезоната на загаден воздух – ќе се задушуваме цела зима!

Почетокот на грејната сезона ги донесе првите денови со зголемена загаденост на воздухот, особено во вечерните и во ноќните часови. Загаденоста во последните неколку дена повеќе од петпати ја надминува дозволената граница. Зголемено ниво на концентрациие на ПМ10-честичките заеблежано е во сите скопски општини, како и во Тетово, Битола и во Кавадарци. Во скопската населба Лисиче, загаденоста синоќа во 22 часот изнесуваше 237...

Скопје, Битола и Велес повторно одвај дишат

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола и во Велес е на многу високо ниво. Во Битола нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 196 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките освен во Битола и во Велес, се забележува и во скопско Лисиче и во...

Издржете: Ќе се задушуваме само уште две-три години

Мерки за намалување на загаденоста се преземаат, надлежните работат во согласнот со законите, а загадувањето на воздухот останува на високо ниво и тоа нема да се промени во наредните неколку години. Најголеми концентрации има на загадувачката супстанца ПМ10, а доминатен извор на загадувањето нема. Ова е заклучокот од денешната дебата „Загадување во Македонија: Битка за чист воздух“ во организација...

Вечерва Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и Кавадарци дишат отров

Во 20 часот загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола, Кичево, Велес, Кочани и во Кавадарци е на многу високо ниво. Во Скопје, нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 195 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси четирипати повеќе од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките се забележува и во скопските општини Карпош, Лисиче, Гази Баба и...

Тетово се задушува, Скопје и Битола одвај дишат

Во 11 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Тетово е на многу високо ниво, а во Скопје и во Битола на високо ниво. Во Тетово нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 237 микрограми на еден кубен метар, што е за речиси петпати повеќе од дозволените 50 микрограми. Високо ниво на ПМ10-честичките, освен во Битола, се забележува и во скопските општини...

Скопје и Тетово повторно се задушуваат

Загаденоста на воздухот во Скопје и во Тетово утринава е на многу високо ниво. Во Скопје, концентрацијата на канцерогените ПМ10-честички, измерена во 10 часот, изнесува 240 микрограми на еден кубен метар , што е речиси петпати повеќе од дозволните 50 микрограми. Во Тетово, ПМ10-честичките утрово достигнаа до 500 микрограми на еден кубен метар, што е 10 пати повеќе од...

„Вила Зора“: Ние се задушуваме, а градските татковци мирно спијат

Загадувањето е алармантно и вакви концентрации на штетни материи во воздухот, медицински кажано, се опасни по живот, велат од еколошкото друштво „Вила Зора“ од Велес. - Mерките на надлежните институции не само што не се ефективни, туку не се ни преземаат. Интересно е што граѓаните буквално се задушуваат во нечист воздух, а надлежните се однесуваат како ништо да не се случува....

Загадување: Честички милион – акција нула

Загадувањето на воздухот изминатите неколку дена е на многу високо ниво. Во Скопје, Тетово, Битола и во Велес, каде нивото на канцерогените ПМ10-честички е високо над дозволеното, граѓаните цела зима дишат отров. Вчера Градот Скопје издаде мерки од прв степен (препораки), кои треба да се преземат за да се намали загадувањето. Еколошите здруженија велат дека загадувањето најмногу доаѓа од сообраќајот,...

Град Скопје: Не проветрувајте за да не дишете отров

Откако неколку дена загаденоста е на многу високо ниво, од Град Скопје издадоа мерки од прв степен поради надминување на граничните вредности за партикуларните честички помали од 10 микрометри (РМ10). Мерките за граѓаните вклучуваат ограничување на движење на отворен простор само на неопходното, да не се користат автомобили без поголема потреба и да се користат средствата за јавен превоз. Тие повикуваат...

Мобилната апликација „Мој воздух“ ќе ве информира колку отров дишете

Корисниците на телефони „андроид“ веќе четири дена имаат можност да ја користат апликацијата наречена „Мој воздух“, што ги покажува податоците од загадувањето на амбиеталниот воздух. Со апликацијата може да изберете која било од мерните станици и загадувачките супстанци, при што се појавува илустрација со круг која покажува колку е моменталното загадување измерено на таа мерна станица. Доколку загадувањето е многу...

Утринава се дише отров во Скопје, Битола, Кичево, Тетово и во Велес

Во 10 часот утринава, загадувањето на амбиенталниот воздух во Скопје, Битола, Кичево, Тетово и во Велес е на многу високо ниво. Во Скопје нивото на канцерогените ПМ10-честички изнесува 155 микрограми на еден кубен метар, што е за повеќе од трипати од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките, освен во скопските општини Центар, Лисиче и Гази Баба, се забележува...

По три години проработи мерната станица Битола-2

По речиси три години пауза, проработи мерната станица за квалитет на воздухот Битола-2, сместена во центарот на градот, кај Јавното претпријатие „Стрежево“. Податоците за загаденоста на амбиенталниот воздух од новите мерења се алармантни. Инструментите на станицата за викендов измериле од 1.000 до 800 микрограми на еден метар кубен суспендирани честички ПМ10 во воздухот, во зависност од времето. Оваа вест колку ги...

Скопје се задушува во загаден воздух

Големо загадување на воздухот и високо ниво на канцерогените ПМ10-честички во 13 часот е забележано на сите мерни станици во Скопје, каде количеството на овие честички изнесува 465 микрограми на еден кубен метар, што е за повеќе од деветпати од дозволените 50 микрограми. Многу високо ниво на ПМ10-честичките, освен во скопските општини Центар, Лисиче, Гази Баба и на мерната станица...

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...