fbpx

Кривична пријава од Град Скопје за цементарницата „Титан Усје“ поради загадување на воздухот

-

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска иницирала покренување кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ зашто го загадува воздухот, почвата и водата, со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето. Таа денеска на прес-конференција истакна дека на иницијатива на градот и во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец извршени биле мерења на испустот на гасови од работењето на објект од тешка индустрија во општината Кисела Вода.

„При мерењата на амбиенталниот воздух во фабриката, се забележани големи концентрации на штетни честици кои значително придонесуваат кон нарушување на квалитетот на воздухот на целокупното подрачје на градот. Во декември измерени се три пати повеќе ПМ10 честички кои се испуштаат во атмосферата, а слични резултати добивме и при мерењето кое е извршено на почетокот на овој месец. Станува збор за испуштање на три пати поголеми количини од дозволените, на метар кубен, секој час“, кажа Арсовска.

Таа потенцира дека граѓаните недозволиво е да бидат жртви на, како што рече, профитите на неколкумина кои со децении трујат, обидувајќи се со „донации“ по општините, коруптивно однесување и најразличен вид на влијанија да се амнестираат од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања.

„Работевме на системско решение за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и тоа на краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки. Активно работиме и на спроведување на повеќе континуирани мерки за намалување на загадувањето во градот. Во континуитет се чистат дивите депонии, се зголемуваат субвенциите за алтернативен превоз, се воведува ред во јавниот превоз во кој повеќе нема да можат да партиципираат возила кои немаат минимум ЕУРО 4 стандарди со цел намалување нa загадувањето од овие возила“, вели Арсовска.

Таа кажа дека инспектори на градот Скопје во акција со државниот инспекторат при Министерството за животна средина, извршиле увид на работниот процес во цементарницата при што се забележани сериозни прекршувања спротивни на издадената А интегрирана еколошка лиценца, која ја издава токму Министерството за животна средина.

За загадувањето, од котларата за загревање на цементарницата, утврдено било дека има надминување на граничните вредности на азотни оксиди NOx при што резултатите од мерењата покажуваат повеќе од двојно поголеми вредности од дозволените 350 милиграми односно покажуваат 711,9 милиграми на метар кубен.

Арсовска вели дека годинава ќе има засилени контроли и зголемена ефикасност на градскиот инспекторат бидејќи, според неа, крајно време е по три децении, да се стави ред и сите во Скопје да имаат повисок степен на квалитет на живот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...