вторник, 20 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: Загаден воздух | 136 резултати

Само седум земји ги исполнија стандардите за квалитет на воздухот на СЗО во 2024 година

11 март 2025

Речиси секоја држава има позагаден воздух отколку што лекарите велат дека е здраво да се дише, покажува нов извештај. Само седум земји ги исполниле критериумите на Светската здравствена организација за ситни токсични честички познати како PM2,5 минатата година, покажува анализата на швајцарската технолошка компанија за квалитет на воздухот IQAir. Австралија, Нов Зеланд и Естонија беа […]

Скопје и денес е најзагадениот град во Европа според „IQ Air“

6 јануари 2025

Скопје утрово повторно е најзагаден град во Европа, покажуваат моменталните податоци на платформата „IQ Air“. Со Индекс на квалитет на воздухот од 169, воздухот во македонскиот главен град е оценет како нездрав. Бројот на ПМ 2,5 честички изнесува 80,5 микрограми на метар кубен. Покрај тоа што е најзагаден град во Европа, Скопје утрово е и […]

Скопје денес е најзагадениот град во Европа

3 јануари 2025

Платформата за мерење на квалитетот на воздухот „Ај-кју ер“ покажува дека Скопје претпладнево е на 10. место на светската листа на најзагадени градови. Со индекс на загаденост од 187 воздухот во Скопје е во категоријата „нездрав воздух“. Прв на листата е Лахор во Пакистан, по што следуваат Делхи во Индија и Вухан во Кина. Според […]

Скопје утрово е најзагаден град во Европа според „IQAir“

20 декември 2024

Скопје утрово е најзагаден град во Европа, покажуваат моменталните податоци на платформата „IQ Air“. Со Индекс на квалитет на воздухот од 172, воздухот во македонскиот главен град е оценет како нездрав. Бројот на ПМ 2,5 честички изнесува 85 микрограми на метар кубен. Покрај тоа што е град со најзагаден воздух во Европа, Скопје во моментов […]

УНИЦЕФ: Секој деветти смртен случај кај новороденчињата во С. Македонија поврзан со аерозагадувањето

10 септември 2024

Еден од девет смртни случај на деца до една година во 2021 година во С. Македонија е поврзан со загадениот воздух, открива ново меѓународно истражување на УНИЦЕФ во Европа и Централна Азија. Во извештајот наречен „Почетоци без здив: политики за заштита на децата од загадениот воздух во Европа и Централна Азија“, се забележува дека во […]

Скопскиот воздух и денес меѓу најзагадените во светот

24 декември 2023

Скопје и денес е меѓу десетте најзагадени градови во светот, покажуваат податоците од интернет-порталот „IQAir“. Според мерењата направени во 12 часот напладне, македонскиот главен град се наоѓа на шестото место според аерозагадување во светот. Со индекс на загадување од 173, воздухот е оценет како „нездрав“ и речиси 20 пати ја надминал горната граница која ја […]

Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на ПМ 10 честички во Кичево и Струмица

21 декември 2023

Прагот на алармирање на суспендираните честички со големина од 10 микрометри (ПМ 10 честички) е надминат на мерните места во Кичево и Струмица, соопшти денеска Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Поради ова, во овие два града ќе стапат на сила препораки и мерки. Согласно мерките и препораките, МЖСПП во соработка со Министерството […]

Гори магацин во тетовско со 100 тони бои и лакови, жителите да затворат прозорци

22 ноември 2023

Околу сто тони бои и лакови горат складирани во магацин кај тетовското село Фалише. Како што пред малку информираше директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, во 10 часот и 30 минути добиле информација за пожар во фирмата за бои и лакови „Евроком“. „Се работи за голема количина, можеби и сто тони […]

По пожарот во фабриката за пластика во Осиек, квалитетот на воздухот и натаму лош

9 октомври 2023

Квалитетот на воздухот во Осиек и околината беше оценет како „умерен и прифатлив“, но жупанскиот и градскиот штаб за цивилна заштита соопштија дека денеска „превентивно“ нема да се одржи настава во основните и средните училишта во Осиек, како и во некои околните градови до кои стигна чадот од изгорената фабрика за пластика на „Драва Интернешнл“, […]

МЖСПП: Нема да работат мерните станици Кавадарци, Битола 3, Гостивар и Ректорат

30 мај 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) извести дека податоците од мониторинг станиците за квалитет на амбиенталниот воздух во Кавадарци, Битола 2, Гостивар и Ректорат во наредните петнаесетина дена нема да бидат достапни на порталот за квалитет на воздухот http://air.moepp.gov.mk/ . На овие мерни места ќе се врши сервисирање на дополнителната опрема неопходна за […]

Ќе се исклучи мерната станица во Велес – имало многу прав од реконструкција на улица

3 април 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) соопшти дека ќе ја исклучи мониторинг станицата Велес 2. Причините за ова е дека инструментите покажувале превисоки вредности на аерозагадување, поради реконструкција на улица во околината на станицата. Станува збор за мерната станица во градинката „Димче Мирчев“ и реконструцијата на улицата Благој Ѓорев во непосредна близина на […]

И „Зелен хуман град“ со 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје

23 јануари 2023

Од иницијативата „Зелен хуман град“, која што има и советници во Советот на Град Скопје, имаат 15 предлози за намалување на аерозагадувањето во Скопје. Од нив, шест мерки се за итно постапување. Притоа, од „Зелен хуман град“ најпрво бараат Советот на Град Скопје да ѝ препорача на Владата да го задолжи УХМР да започне со […]

„Титан Усје“: Нема поврзаност меѓу цементарницата и квалитетот на воздухот во Скопје

12 јануари 2023

Нема корелација меѓу работата на цементарницата „Титан Усје“ и квалитетот на амбиентниот воздух во градот. Резултатите од мерењата на сите емисиони точки во процесот потврдуваат дека нема надминување, а концентрацијата на РМ10 честичките во амбиентниот воздух измерена во „Усје“ е дури и помала од други мерни места во градот. Ова е наведено во реакцијата од […]

Кривична пријава од Град Скопје за цементарницата „Титан Усје“ поради загадување на воздухот

12 јануари 2023

Градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска иницирала покренување кривична постапка против цементарницата „Титан Усје“ зашто го загадува воздухот, почвата и водата, со што се предизвикува опасност за животот и здравјето на луѓето. Таа денеска на прес-конференција истакна дека на иницијатива на градот и во соработка со Министерството за животна средина, изминатиот месец извршени биле мерења […]

Тетово: Негрижата на институциите ќе ги поттикне активистите да се активираат за чист воздух

9 јануари 2023

Новата 2023 година за Тетово започна со еден стар проблем – нивото на загадување на воздухот го надмина прагот на алармирање уште во првите денови. Евидентираниот просек на ПМ-10 честички од 1 до 7 јануари изнесува 133,45 μg/m3 што е над дозволената количина. Просечната среднодневна вредност на ПМ-10 честичките не треба да надмине 50 микрограми […]

МЖСПП: Надминат прагот за алармирање во Тетово и Гостивар

2 јануари 2023

Надминат е прагот на алармирање за загаден воздух на мерните места во Тетово и Гостивар, соопшти Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП). Одлуката е согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за […]

До каде сме со грижата за животната средина: Ќе научиме ли во 2023 дека ѓубрето се фрла в канта

30 декември 2022

Чистењето на малата депонија со линдан на ОХИС е една од најважните еколошки активности која ја одбележа 2022 година, а годинава што изминува ќе ја памтиме и по мала, но значајна, победа на екологијата врз бизнисот, поништувањето на концесиите за мали хидроцентрали на Шара. Сепак, заштитата на природата и понатаму не ни е силна страна, […]

Респираторните вируси кај децата не се последица на труење од воздухот

25 декември 2022

Теоријата на заговор за „кемтрејлс“ сега воскреснува во контекст на респираторниот синцициски вирус, но и други респираторни вируси кои изминатиот период ги наполнија болниците. Тоа, според лекарите, се должи на „заспаниот имунитет“ кај децата поради ковид-пандемијата, кога сите деца носеа маски и беа на онлајн настава, односно немаа многу физички контакти. Тие велат дека главно […]

Никој не планира никакви климатски заклучувања

23 декември 2022

Советот на округот Оксфордшир не планира да воведе „климатски заклучувања“ и не одобри мерки за таа цел. Во постот што се шири на Фејсбук погрешно се толкува донесувањето на низа мерки наменети за намалување на патниот сообраќај во градот Оксфорд, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:   Рецензираме пост на […]

Говор на Бил Гејтс за намалување на емисиите на јаглероден диоксид изваден од контекст

5 декември 2022

Видеоматеријалот споделен во постот е изваден од контекст. Тука е злоупотребен настапот на Гејтс во 2010 година во „ТЕД Разговорите“ , каде тој зборува за чекорите неопходни за да се намали емисијата на јаглероден диоксид. Тој не кажува дека треба да се намали бројот на постоечки луѓе на планетата преку вакцинација, туку говори за неодржливото […]

Страна 1 од 7