fbpx

Обрван: Немам емоции за Хрватска

-

За утрешниот натпревар на македонската ракометна репрезентација, селекторот Ивица Обрван, иако доаѓа од Хрватска, вели дека размислува само за тоа како да одиграат добар меч против селекцијата со која се борат за првото место во групата и која се бори за едно од првите четири места на Светското ракометно првенство.

– Горд сум на моите ракометари кои покажаа карактер и во тешки ситуации се издигнаа и најдоа сили да освојат шест бода по првите три натпревари. Имаме почит за противникот, но не се плашиме од него. Немам емоции што ќе играм против Хрватска, мојата репрезентација во моментов е Македонија, јас, како селектор, ќе дадам сè од себе за да бидеме што подобро подготвени и ќе бидам пресреќен ако славиме над земјата од која доаѓам. Хрватска е земја која ја сакам, но со цело срце и душа посакувам победа на Македонија на овој дуел – изјави Орбан на денешната прес-конференција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...