По 240 одиграни натпревари, познати победниците од средношколската лига на Град Скопје

Фото: Град Скопје

Во спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“ во скопската населба Ѓорче Петров вчера се одиграа финалните натпревари од завршниот градски ФАЈНЛ ФОР на средноучилишната лига на Град Скопје – скопски регион, за учебната 2021/2022 година, информираат од Град Скопје. Победниците во футсал, ракомет, кошарка и одбојка се избраа по над 240 одиграни натпревари во изминатиов период.

Во машкото финале во футсал, овогодишен победник е екипата на средното училиште „Боро Петрушевски“, која ја надигра екипата од медицинското училиште „д-р Панче Караѓозов“, додека третото место го освоија средношколците од „Зеф Љуш Марку“.

Во женското финале во футсал, првото место го освои екипата од ДУФК „Методи Митевски – Брицо“, која беше подобра од средношколците од СУГС „Здравко Цветковски“. Третото место во футсал им припадна на натпреварувачките од СУГС Раде Јовчевски-Корчагин“.

Во финалето во ракомет, првото место го освоија средношколците од „Орце Николов“, кои беа подобри од екипата на СУГС „Никола Карев“, а на третото место се пласираше екипата на СУГС „Здравко Цветковски“.

Во женското финале по ракомет, титулата им припадна на средношколките од СУГС „Д-р Панче Караѓозов“, кои во финалниот натпревар беа подобри од екипата на „Васил Антевски-Дрен“. Третото место го освои тимот од СУГС „Марија Кири-Склодовска“.

Во натпреварите по кошарка, во машкото финале првото место го освоија СУГС „Јосип Броз-Тито“, второт место им припадна на средношколците од „Јосип Броз Тито“, додека третото место го освои тимот од ДУФК „Методи Митевски-Брицо“.

Во женското финале во кошарка, средношколките од „Орце Николов“ беа подобри од тимот на „Зеф Љуш Марку“, додека третото место ѝ припадна на екипата од „Јосип Броз – Тито“.

Во натпреварите по одбојка, првото место во машка конкуренција им припадна на средношколците од „Орце Николов“, кои беа подобри од тимот на „Д-р Панче Караѓозов“. Третото место го освои екипата од СУГС „Раде Јовчевски – Корчагин“.

Во женското натпреварување по одбојка, првото место го освоија средношколките од СУГС „Јосип Броз – Тито“, второто место им припадна на тимот од „Никола Карев“, додека како третопласирана заврши екипата на СУГС „Георги Димитров“.

„Прваците на Град Скопје во сите спортови, ќе го претставуваат Градот на државното средноучилишно првенство на Македонија ГИМНАЗИЈАДА – СПОРТСКИ ИГРИ во машка и женска конкуренција, што ќе се одржи во Струмица на 12 и 13 мај оваа година“, се наведува во соопштението на Град Скопје.