четврток, 11 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: фудбал | 99 резултати

Националистички испади на спортски натпревари: Гаши не слушнал, Мицкоски не разбрал

август 8, 2025

Уште не стивна атмосферата од инцидентот на кошаркарскиот натпревар во Куманово меѓу Северна Македонија и Романија, каде можеа да се слушнат навредливи и ксенофобични пораки како „Добар Албанец е мртов Албанец“, „Гасна комора за Албанците“ и „Чиста Македонија“,  се случи нов изблик на националистички скандирања. Овојпат во Скопје, за време на фудбалскиот меч меѓу Шкендија и Карабах, каде […]

Романски навивачи не го извикувале името на Путин за време на фудбалскиот натпревар со Украина

јуни 29, 2024

Реалноста за скандирањата „Путин“ на романските навивачи е доведена во прашање поради фактот што тие покажаа голема почит кон Украина на стартот од натпреварот, забележува Митдетектор. Германскиот весник „Билд“ пишува дека на почетокот на натпреварот околу 40 илјади романски навивачи извесно време скандирале „Украина“ во знак на почит и солидарност. Според Центарот за стратешки комуникации и информациска […]

Почина голманот на црногорската репрезентација, Матија Шаркиќ

јуни 15, 2024

Црногорскиот фудбалер и голман на државната репрезентација, Матија Шаркиќ, починал утрово околу 6 часот и 30 минути во Будва, објави РТЦГ. Веста за ненадејната смрт на 26-годишниот фудбалер ја потврдија и Фудбалската федерација на Црна Гора, како и клубот Милвол, во чиј тим Шариќ се придружи минатото лето. Спореди информациите, тој почувствувал непријатност во својот […]

Нашите политичари со безгрешни души

февруари 11, 2024

За разлика од евроамбасадорот Дејвид Гир кој призна дека погрешил што со лидерот на ДУИ се сретнал во кабинетот на првиот вицепремиер, Артан Груби, Ахмети не чувствува непријатност и не ѝ се извини на јавноста за тоа што својот гостин не го пречекал во седиштето на ДУИ во Мала Речица. Зошто ваквите гестови на коректно, […]

По бакнежот со Хермосо, Луис Рубиалес суспендиран од фудбалот на три години

октомври 30, 2023

Поранешниот претседател на шпанската фудбалска репрезентација Луис Рубиалес доби три години забрана од ФИФА за сите фудбалски активности, пишува Гардијан. Рубиалес предизвика скандал кога ја бакна во усни шпанската фудбалерка Џени Хермосо за време на церемонијата по финалето на Светското првенство за жени во август, во кое Шпанија ја победи Англија. Рубиалес првично се обиде […]

Шпанките за првпат го освоија Светското првенство во фудбал, совладувајќи ја Англија во финалето

август 20, 2023

Шпанија ја порази Англија со 1-0 во финалето на Светското фудбалско првенство за жени, завршувајќи го турнирот кој собори рекорди во посетеност и телевизиска гледаност и кој ги зголеми надежите за зголемен интерес за женската игра. Домаќини на деветтиот по ред светски шампионат беа Австралија и Нов Зеланд, со што овој настан за првпат се […]

Кавга за пенали во финалето на Светското првенство во ФИФА е-спорт

јули 21, 2023

Контроверзии го засенија резултатот од финалето на Светското првенство во ФИФА е-спортот, при што изби расправија откако Марк Захари – познат како „Mark11“ загуби од Мануел Бачур -„Bachoore“, на пенали. Тимот на Марк, Футвиц, тврди дека тој се обидел да ја прекине играта бидејќи неговите внесувања на контролорот биле видливи на големиот екран, откривајќи каде […]

Повторното играње фудбал во канцеларија е мајтапење на Груби со јавноста на која ѝ се извинуваше

март 21, 2023

Само една недела по иритацијата врз голем дел од јавноста со играњето фудбал и баскет во канцеларијата на Артан Груби во која учествуваа уште пет колеги министри од ДУИ наречени „дрим тим“, вицепремиерот Груби повторно објави фотографија на својот официјален профил како игра фудбал со Александар Сорос, син на Џорџ Сорос. Со тоа Груби, де […]

Почина легендарниот хрватски фудбалски тренер Ќиро Блажевиќ

февруари 8, 2023

По долга битка со ракот, почина легендарниот хрватски фудбалски тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ. Тој замина непосредно пред да наполни 88 години. Блажевиќ беше селектор на хрватската репрезентација во 1998 година, кога Хрватска го освои третото место на Светското првенство во Франција. Неговата кариера како играч ја завршил кога имал 31 година, по што започнал со […]

Почина легендата на светскиот фудбал Пеле

декември 30, 2022

Светот се опростува од еден од најголемите фудбалски имиња во историјата – Пеле. Тој синоќа почина на 82-годишна возраст во Сао Паоло, Бразил, пишува Би-би-си. Неговото целосно име и презиме Едсон Арантес до Насименто ретко кој го знае, но затоа пак стотици милиони луѓе од целиот свет се сеќаваат на неговите настапи за време на […]

Објавата на Меси по победата на Мундијалот стана најлајкувана на Инстаграм

декември 20, 2022

Галеријата на Лионел Меси од прославата на победата на Аргентина на Светското првенство во Катар стана најлајкувана објава на социјалната мрежа Инстаграм досега. Фудбалерот кој ја однесе својата земја до првата победа после 36 години собра над 62 милиони лајкови на фотографиите.   View this post on Instagram   A post shared by Leo Messi […]

Лажно видео тврди дека Украинци во Катар биле уапсени, бидејќи користеле нацистички поздрав

декември 4, 2022

Станува збор за пост во којшто е споделено лажно видео со цел да создаде погрешна слика во јавноста. Украински навивачи не биле уапсени во Катар, а уште помалку затоа што ширеле нацистички симболи. Анализата на видеото покажува дека во него се користени стари фотографии, направени неколку месеци пред Светското првенство, како и неколку манипулативни слики. […]

Иранските фудбалери одбија да ја пеат химната на Светското првенство во знак на поддршка за протестите

ноември 22, 2022

Фудбалерите на Иран одбија да ја пеат националната химна пред нивниот прв натпревар на Светското првенство во фудбал против Англија, во знак на солидарност со нивните сограѓани кои се дел од протестите во нивната татковина. Би-би-си пишува дека за време на изведувањето на химната, додека фудбалерите на Иран молчеле, дел од иранските фанови довикувале со […]

Посебен режим на сообраќај поради фудбалскиот натпревар меѓу Македонија и Бугарија

септември 26, 2022

Поради вечерашниот фудбалски натпревар меѓу Македонија и Бугарија во рамки на Лигата на нации, Министерството за внатрешни работи ќе спроведе посебен режим на сообраќај во близина на скопскиот градски стадион, Арена „Тодор Проески“. Од МВР соопштија дека поради натпреварот кој ќе започне во 20:45 часот, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе […]

По грешка, видео играта „ФИФА“ во Индија се продаваше со попуст од 99 отсто

август 19, 2022

Компанијата „Електроник Артс“ (ЕА), по грешка, најновата верзија на играта „ФИФА“ (FIFA 23 Ultimate Edition) во Индија ја продавала по цена од 4,80 рупии, што е еднакво на 0,06 американски долари, јави „Би-би-си“. Купувачите го искористиле моментот на неверојатниот попуст и ја набавиле играта од продавницата на „Епик Гејмс“ во Индија со попуст од 99,8 […]

Заврши Европската фудбалска недела на Специјална олимпијада Македонија

мај 29, 2022

На фудбалскиот терен на фудбалскиот клуб Вардар во Скопје, во присуство на повеќе од 70 атлети и 40 тренери, волонтери и членови на семејствата од Скопје, Тетово, Штип и Струмица, вчера заврши одбележувањето на Европска фудбалска недела на Специјална олимпијада Македонија, која се одбележува по 22-ри пат на ниво на Европа. Европската фудбалска недела 2022 […]

Играта „ФИФА“ го менува името од следната година

мај 11, 2022

По речиси 30 години завршува ерата на играње „ФИФА“. Долготрајната серија фудбалски игри на компанијата „EA“ (Electronic Arts) ќе заврши со „ФИФА 23“, а новата сезона следната година ќе ја продолжи под ново име – „EA Sports FC“. Причината за преименувањето е тоа што „ЕА“ и Меѓународната фудбалска федерација – ФИФА се разделуваат откако фудбалските […]

По 240 одиграни натпревари, познати победниците од средношколската лига на Град Скопје

мај 4, 2022

Во спортската сала на СУГС „Кочо Рацин“ во скопската населба Ѓорче Петров вчера се одиграа финалните натпревари од завршниот градски ФАЈНЛ ФОР на средноучилишната лига на Град Скопје – скопски регион, за учебната 2021/2022 година, информираат од Град Скопје. Победниците во футсал, ракомет, кошарка и одбојка се избраа по над 240 одиграни натпревари во изминатиов […]

По поразот од Португалија, Македонија останува без настап на Светско првенство во фудбал

март 29, 2022

Фудбалската репрезентација на Македонија не успеа да ја помине последната пречка што ја делеше од настап на Светското првенство во Катар. Со резултат 2:0 заврши финалниот меч од баражот помеѓу Португалија и Македонија што вечерва се одигра на стадионот „Драгао“ во Порто. Стрелец на двата гола беше португалскиот репрезентативец и фудбалер на Манчестер Јунајтед, Бруно […]

Вечерва на стадионот „Драгао“ во Порто, Македонија игра за прво учество на еден мундијал

март 29, 2022

Вечерва, со почеток во 20:45 часот на стадионот „Драгао“ во Порто ќе започне фудбалскиот натпревар во кој Македонија игра против Португалија. Победникот на овој натпревар ќе обезбеди пласман на Светското фудбалско првенство во Катар. Ако македонската репрезентација успее да победи, тоа ќе значи прво учество на еден фудбалски мундијал од осамостојувањето на земјата. Селекторот Благоја […]

Страна 1 од 5