fbpx

Чаусидис до Попоски: Најопасни се незнаењето и свесната глупост

-

Министерот за надворешни работи, Никола Попоски, денеска изјави дека е нејасно зошто новинарите вчера протестираа за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски кога тој веќе бил пуштен на слобода од затворот „Скопје“.

– Повеќето од нас не разбираат за што беше протестот бидејќи, знаеме, сите беа информирани дека лицето кое го споменавте е на слобода. Мислам дека би било погрешно да носиме заклучоци врз основа на еден случај за целокупната слика – рекол Попоски на заедничката прес-конференција со министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, во Скопје, пренесуваат медиумите.

Тој додал дека „реформите во медиумската сфера ќе продолжат и оти сите учесници во тој процес имаат свои одговорности“.

– Па, добро, зарем мислеа дека привременото пуштање на слобода на новинар осуден за текст ќе смени нешто? Не знам како посебно да ја коментирам таа „зачуденост“ и „неинформираност“ на министерот и на другите на кои исто не им е јасно зошто илјадници вчера протестираа, освен да ги повторам зборовите на Мартин Лутер Кинг: „Ништо на светот не е поопасно од незнаењето и од свесната глупост“ – вели Тамара Чаусидис од Самостојниот новинарски синдикат во реакцијата за „Мета“ на изјавата на Попоски.

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, за „Мета“ вели дека битката не завршила со вчерашниот протест пред Владата и најавува понатамошни активности.

– Ние ќе се погрижиме да ја одржиме тензијата докрај, но кои ќе бидат нашите активности нема да им откриеме наеднаш – вели Селмани.

Новинарот Кежаровски вчера ненадејно беше пуштен на привремен отпуст од затворот „Скопје“, каде беше префрлен од домашен притвор во петокот вечерта, еден ден откако беше објавена пресудата на Апелацискиот суд, со која тој е осуден на двегодишна затворска казна во случајот „Ликвидација“.

Кежаровски беше ослбоден само неколку часа пред протестот на новинарите и на новинарските здруженија пред Апелацискиот суд, кој потоа со марш се префрли пред Владата.

На протестот, претставниците на новинарските здруженија и новинарите упатија жестока порака до власта и отворено ги изразија сомневањата околу вистинските причини за апсењето, притворањето и за пресудата на новинарот Кежаровски.

Покрај решението за привремено пуштaње на новинарот од затвор, поради здравствени причини, од директорот на затворот „Скопје“ до Основниот суд Скопје 1 е упатено барање за условен отпуст на Кежаровски, по кој судот треба во наредните денови да излезе со став.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...