fbpx

Опаѓа нивото на реките, водата се повлекува

-

Водата од поплавените места се повлекува, а нивото на реките се намалува. Штетите предизвикани од поплавите допрва ќе се проценуваат. Метереолозите за наредните денови најавуваат нови врнежи од дожд.

Нивото на Вардар во Велес денеска опаѓа, со што е надмината опасноста од поплави по вчерашните врнежи од дожд, информираат од Регионалниот центар за справување со кризи во Велес.

Оттаму велат дека и покрај синоќешните врнежи од дожд, нивото на Вардар денеска е паднато за цели 50 сантиметри. Вчера попладне и во доцните ноќни часови, дотекот на вода на Вардар кај Велес бил рекордни 450 кубни метри вода во секунда, што е трипати повеќе од вчера утрото, кога се забележани 133 кубни метри во секунда.

Вардар се излеал и во реонот Бавчите и кај селата Ногаевци и населбата Градско, каде биле поплавени земјоделски површини во близина на реката.

Не се пријавени нови поплави или додатно излевање на Пчиња и на Крива Река, каде водата се повлекува и се враќа во коритото, а дождот кој паѓаше цела ноќ, не влијаеше многу на излевање на речните корита, јавуваат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Од поплавите зафатени се селата Пелинце, Алгуња, Челопек, Коинце, Страновац, Старо Нагоричане, Младо Нагоричене и Стрезовце, каде под вода од вчера се стотици хектари обработливо земјиште.

Во Струмичко, најмногу штети од невремето се предизвикани во селата Сачево, Муртино, Дабиле и Просениково. Неколку куќи и дворови се поплавени, а во село Дабиле урнат е мал мост. Од Општина Струмица ги известија граѓаните дека можат да поднесат барања за процена на штета од поплавите во просториите на месните заедници.

Престана излевањето на Црна Река кај селото Вашарејца во близина на Тополчани, рече Димче Јошевски раководител на Диркцијата за заштита и спасување од Битола за телевизија „Тера“. Тој вели дека состојбата се контролира, реката веќе не се излева, обезбедени се критичните точки, а водата останува низ поплавените ниви.

Во Гевгелиско најпогодени се селата Мрзенци, Моин и Милетково, кои се отсечени од главната патна инфраструктура.
Од општинската организација на СДСМ во Гевгелија велат дека е срамота граѓаните да бидат отсечени од светот поради дожд од 19 литри на еден квадратен метар и од град од само седум минути времетраење.

– Улиците се поплавија, коритата на реките се излеаја, мостовите се потопија, на делови од општината отсечен е сообраќајот. Општината ни остана затечена од невремето? Какво невреме? 19 литри дожд на еден квадратен метар. Тоа ли е невреме? Град помал од зрно грав? Во Гевгелија на секој посилен ветер летаат кровови, поради половично спроведени тендери, а целосно исплатени суми. На секој посилен дожд улиците се поплавени. Каква е атмосферската канализација, знаеме: само ставка за проширување во буџетот која никако да се оствари и прошири – рече претседателот на ОО на СДСМ Гевгелија, Сашо Поцков.

Вчера премиерот Никола Груевски, заедно со неколку министри и со директори на дирекциите за заштита и спасување, беше во обиколка на најпогодените општини Штип и Карбинци.
Министерот за транспорт и врски, Миле Јанкиески, рече дека веќе е формиран кризен штаб и дека во 10 општини во земјава има штети од обилните врнежи и од излевањето на реките од коритата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...