fbpx

„Гардијан“: Апсурдна, срамна и недостојна е пресудата за Кежаровски

-

Пресудата на Апелацискиот суд за две години затвор за новинарот Томислав Кежаровски, која почна да се извршува вчеравечер, кога Кежаровски експресно беше префрлен од домашен притвор во затворот „Скопје“, предизвика интерес и во медиумите во Европа, а лондонски „Гардијан“ објави цела статија за случајот.

Угледниот британски весник пишува за реакциите на организациите за слобода на медиумите на новинарските здруженија, во кои силно се осудува одлуката на судот.

„Апсурдна пресуда, недостојна за земја-кандидат за членство во ЕУ“, ја пренесува весникот изјавата на портпаролот на организацијата „Репортери без граници“, Кристијан Мир, во која се вели  и дека „единствената вина на Кежаровски е што укажал на недостатоците на македонската влада и судството“.

Во идентичен осудувачки и критички тон е и изјавата на Жим Бумеља, претседател на Интернацоналната федерација на новинари кој вели:„Кежаровски е невин новинар, кој не треба да биде затворен затоа што си ја извршувал својата должност. Одлуката на судот е срамна и бараме негово итно ослободување“.

Покрај реакциите на новинарските здруженија и организации, меѓу кои и изјавите на претседателот на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), Насер Селмани, и на Тамара Чаусидис од Синдикатот на новинари, „Гардијан“ во дел од текстот напоменува дека меѓу македонските новинари постојат сомневања дека зад апсењето на Кежаровски стојат други причини и околности.

Денеска високиот претставник на ОБСЕ за слобода на медиумте, Дуња Мијатовиќ, го осуди затворањето на новинарот и ги повика властите во земјата итно да го ослободат Кежаровски и да ги почитуваат слободните и критички гласови.

„Тоа што Кежаровски повторно е лишен од слобода е неприфатливо. Јас секогаш ја препознавав и истакнував важноста на владеењето на правото и работата на судството, но оваа одлука и итното апсење вчера се многу разочарувачки и непропорционален одговор. Затворањето новинари за она што ќе го кажат или напишат е неприфатливо во една демократија. Затворањето на Кежаровски е опасен преседан за слободните медиуми и за истражувачките новинари. Крајно време е властите во земјата да го намалат притисокот врз медиумите и да ги почитуваат слободните и критички гласови. Кежаровски треба итно да биде ослободен“, вели Мијатовиќ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...