fbpx

Стојанов: Проблем е да се чека ред во амбуланта, а не е проблем да се чека за на жичарница

Сојот омикрон многу брзо се шири во сите држави и тоа главно е проширен меѓу младите и тоа е добра причина да си останат на сила актуелните мерки, но и да се воведат нови, смета епидемиологот д-р Александар Стојанов. Секаде во земјите во регионот...

МЗ: Регистрирани 766 нови позитивни случаи на ковид-19, починале 12 лица

Во изминатото деноноќие регистрирани се нови 766 позитивни на ковид-19 од направени 3.748 тестови, што е околу 20 отсто од тестираните, објави Министерството за здравство. Најголем дел од новите случаи (68%) се од Скопје – 521, потоа во Битола – 33, Куманово – 32, Струмица...

Денеска 1.865 нови случаи на ковид-19, речиси секој трет тестиран бил позитивен

Бројот на заболени лица од ковид-19 продолжува да расте во земјава. Денеска биле направени 6.173 тестови, при што биле регистрирани 1.865 нови случаи на ковид-19, информираат од Министерството за здравство. Најголем број од новозаболените лица се од Скопје - 871, а по главниот град следат...

Денеска 1.822 нови случаи на ковид-19 од 7.123 тестови, пријавени тројца починати

Бројот на новозаболени лица од ковид-19 со несмалено темпо расте. Во изминативе 24 часа биле направени 7.123 тестови, при што регистрирани се 1.822 нови случаи на ковид-19 во земјава, информираат од Министерството за здравство. Идентично како и во текот на минатите денови, најголем дел од...

МЗ: Омикрон доминира, вирусот најмногу се шири меѓу младите и средовечните

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во период од една седмица за 51 отсто, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2, односно коронавирусот. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, а најзастапени се лицата на возраст од 30-39 (27 отсто), 20-29 (24...

Нови 1.171 позитивни, бројот на активни случаи надмина 9.100

Уште 1.171 нови случаи на заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени вкупно 7.932 тестирања. Процентот на позитивни од направените тестови изнесува 15 отсто. Уште шестмина пациенти починале како последица на болеста, јави Министерството за здравство. Бројот на починати како резултат...

Евидентирани 1.197 нови ковид-случаи, кај деветмина е детектиран омикрон

ковид тест
Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид-19. Вкупно 766 лица од новозаразените се од Скопје. Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје...

МЗ: Две третини од новозаболените со ковид-19 се невакцинирани

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид 19, во период од 6 август заклучно со 30 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза...

СЗО: Омикрон може да ги оптовари здравствените системи

Светската здравствена организација предупреди дека варијантата на коронавирус Омикрон може да доведе до преоптоварени здравствени системи, иако студии укажуваат на тоа дека овој сој предизвикува лесна клиничка слика. Ограничувањата се враќаат во Кина, Јужна Африка и Германија додека земјите ширум светот се борат да...

Денеска 269 нови случаи на ковид-19 од 3.449 тестирања, седум лица починаа

Министерството за здравство информира дека во изминативе 24 часа направени се 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на ковид-19, и тоа најмногу во Скопје – 142, Битола – 17 и Охрид –16. Во текот на изминатово деноноќие регистрирани се 7 починати лица: 2...

Даниловски: Четврта доза е оправдано да примат само највозрасните граѓани

Четврта доза е оправдано да примат само најстарите граѓани, како и оние со имунодефицитни состојби (лица кои примаат имуносупресивна терапија заради одредени здравствени проблеми) и други тешки хронични заболувања, смета епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски. За Мета.мк тој вели дека за нив ќе биде...

СЗО ги анализира податоците за Oмикрон кој се шири со брзина досега невидена кај претходните варијанти

Светската здравствена организација (СЗО) денес ќе одржи консултации за преглед на новите податоци поврзани со варијантата на коронавирусот, Oмикрон. Експертите ќе ги разгледаат достапните докази по што критички ќе ги оценат податоците и ќе го сумираат толкувањето на доказите и следните чекори, наведено е...

Регистрирани 101 нов случај на ковид-19 и уште 13 починати

Во последните 24 часа се регистрирани 101 нов случај на ковид-19 од направени 1.299 тестирања, јави Министерството за здравство. Повеќе од половина од новите случаи се од Скопје – 59, потоа од Кавадарци – 10, Битола – 8, Прилеп – 7, Штип – 3, Тетово,...

Малмед: Досега во неколку наврати се уништени вакцини на Фајзер, Астра Зенека и на Синофарм

Досега во неколку наврати сме издале решенија, односно одобренија за уништување на вакцини на производителите Фајзер, Астра Зенека и на Синофарм, информираше денеска Љирим Шабани, в.д. директорот на „Малмед“ Агенција за лекови и медициснки средства, на онлајн состанок со новинарите. Тој не кажа колкави...

Нови 333 случаи на ковид-19 од направени 2.547 тестирања

Во последното деноноќие регистрирани се 333 нови случаи на ковид-19 од направени 2.547 тестирања, информира Министерството за здравство. Најголем дел од новите случаи се во Скопје - 152, потоа Битола – 33, Охрид – 20, Кавадарци и Струмица – по 16, Прилеп –14, Куманово и...

Коксаки вируси кај децата ги полнат ординациите, ковид случаите се намалени

Во овој период од годината кога се случува преод и има разлики во температурата на воздухот, вообичаено се појавуваат настинки и вирози кои ги напаѓаат подеднакво и децата и возрасните. Во некои од ординациите на педијатрите и на семејните лекари со кои контактиравме, велат...

Даниловски: Вакцинaтa го одржува високо нивото на заштита од хоспитализација и смрт

Вкупно 870 лица се заразиле по втор пат, што е 0,4 отсто од вкупниот број на досега заразени лица (212.375), соопштува во последниот извештај Институтот за јавно здравје. Иако процентот на реинфекции е мал, поразговаравме со проф. д-р Драган Даниловски околу појавата на реинфекциите...

Регистрирани уште 442 случаи на ковид-19 од направени 2.939 тестирања

Во последните 24 часа се регистрирани 442 нови случаи на ковид-19 од направени 2.939 тестирања, информира Министерството за здравство. Процентуално земено, бројот на позитивни случаи изнесува 15 отсто од направените тестови. Најголем дел од новите случаи се регистрирани во Скопје - 168, потоа во Битола...

Есперанца е второто лице во светот кое природно оздравело од ХИВ

Жителка на Аргентина која симболично е именувана Есперанца предизвика голема љубопитност во светот на науката и медицината. Се верува дека таа е второто лице на светот кое природно оздравело од ХИВ, без да користи лекови или каков било друг третман, објави Еуроњуз. Се чини дека...

На работа во јавен сектор само со негативен ПЦР или со потврда за примена една доза вакцина

Сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место ќе мора да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или пак, да имаат негативен ПЦР тест направен на соствен трошок. Ако тоа го немаат,...

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...