fbpx

МЗ: Две третини од новозаболените со ковид-19 се невакцинирани

-

Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид 19, во период од 6 август заклучно со 30 декември. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Во овој период од 6 август до вчера, 30 декември, околу 69.000 лица биле позитивни на ковид-19. Околу една третина од позитивните или 33 отсто (23.000) биле вакцинирани со две дози вакцина против ковид. Двојно повисок е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе недели, 46.246 граѓани, односно 67% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани.
Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во овој период од 6 август до 30 декември, како последица на ковид, починале 2.447. Само 22 отсто од нив имале примено вакцина, додека 1.913 од починатите не биле вакцинирани.
Како што велат од Министерството за здравство, според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна. Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...