fbpx

СЗО: Омикрон може да ги оптовари здравствените системи

-

Светската здравствена организација предупреди дека варијантата на коронавирус Омикрон може да доведе до преоптоварени здравствени системи, иако студии укажуваат на тоа дека овој сој предизвикува лесна клиничка слика. Ограничувањата се враќаат во Кина, Јужна Африка и Германија додека земјите ширум светот се борат да го запрат ширењето на новата варијанта.

Напливот на ковид-19 направи хаос низ целиот свет, принудувајќи многу држави да направат тешки избори помеѓу економски рестрикции и контролирањето на ширењето на вирусот, објавува „Гардијан“.

Соединетите држави го преполовија периодот на изолација за асимптоматските случаи, а Франција им нареди на компаниите да ги натераат вработените да работат од дома најмалку три дена во неделата.

Ограничувањата во контакти во текот на Нова година се во сила во Германија втора година по ред, бидејќи се затворени ноќните клубови, а спортските натпревари се одвиваат зад затворени врати.

И покрај тоа што нема големи жаришта, Кина не ја релаксира својата стратегија „нулта ковид“, наметнувајќи наредби за престој дома во многу делови на градот Јанан.
Стотици илјади жители им се придружија на 13-те милиони луѓе во градот Ксиан, кои шест дена се во карантин, додека државата се борела со највисокиот дневен број на случаи во изминаиве 21 месец.

„Ќе умрам од глад“, напиша еден жител на Ксиан на платформата Веибо слична на Твитер.

Напливот на нови случаи во многу земји беше поттикнат од високо преносливата варијанта Омикрон, при што Холандија и Швајцарија соопштија дека сега овој сој е доминантен вид кај нив.

Во меѓувреме, Грција објави нов дневен рекорд од 21.657 случаи, за кои здравствените власти рекоа дека се поврзани со порастот на Омикрон.

Пред два дена, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека поради омикрон или кој и да е нов сој на коронавирусот, не може да се воведуваат дополнителни рестрикции ако ситуацијата не се влошува.

„Ниту сојот омикрон ниту поради кој било друг што евентуално би се открил треба да се прават некакви дополнителни рестрикции. Сметам дека сите земји во светот треба да научат да живеат со општите превентивни правила и зголемување на степенот на вакцинација и тоа е излезот од кризата. Не можеме ние за секој еден сој, без разлика на карактеристиките, сè до оној момент додека не ја влошува ситуацијата, да воведуваме дополнителни рестриктивни мерки“, рече тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...