fbpx

Даниловски: Четврта доза е оправдано да примат само највозрасните граѓани

-

Четврта доза е оправдано да примат само најстарите граѓани, како и оние со имунодефицитни состојби (лица кои примаат имуносупресивна терапија заради одредени здравствени проблеми) и други тешки хронични заболувања, смета епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски. За Мета.мк тој вели дека за нив ќе биде потребна не само четврта доза, туку и периодични дози на сезонска основа.

„Сите други, значи, оние што не прележале ковид, а се вакцинирани со три дози и оние што прележале ковид и се вакцинирани со две дози, нема потреба да примаат четврта доза. За нив би било оптимално да си го „бустираат” имунитетот на природен начин – со идни чести контакти со вирусот. За нив короната би била ‘завршена приказна’“, дециден е Даниловски.

Вчера израелскиот премиер Нафтали Бенет најави дека Израелците постари од 60 години и здравствените работници ќе имаат право на четврта доза вакцинација против ковид-19, за да се заштитат од сојот Омикрон кој брзо се шири.

„Граѓаните на Израел беа првите во светот што ја примија третата доза од вакцината, а ние продолжуваме да бидеме први и во аплицирањето на четвртата доза“, рече Бенет, повикувајќи ги на вакцинација оние што ги исполнуваат условите.

Изјавата на Бенет дојдоа по состанокот на министерскиот кабинет за коронавирус, кој се состанал заради зголемената загриженост од ширењето на варијантата Омикрон.

Scars Above скриншот од играта на Steam

Српската фирма Studio Mad Head Games ја направи играта Scars Above што делува како високобуџетна игра

Српската фирма Studio Mad Head Games ја направи играта Scars Above што делува како високобуџетна игра. Во Србија во последниве неколку години правењето компјутерски игри преку специјализирани фирми стана...
Free Download WordPress Themes
Download WordPress Themes
Download WordPress Themes Free
Download Nulled WordPress Themes
lynda course free download
download karbonn firmware
Download WordPress Themes Free
free download udemy course