fbpx

Израелскиот премиер најави четврта доза вакцина за да го спречи ширењето на сојот Омикрон

-

Израелците постари од 60 години и здравствените работници ќе имаат право на четврта доза вакцинација против ковид-19, за да се заштитат од сојот Омикрон кој брзо се шири, објави премиерот на државата, Нафтали Бенет.

„Граѓаните на Израел беа првите во светот што ја примија третата доза од вакцината, а ние продолжуваме да бидеме први и во аплицирањето на четвртата доза“, рече Бенет, повикувајќи ги на вакцинација оние што ги исполнуваат условите.

Изјавата на Бенет дојдоа по состанокот на министерскиот кабинет за коронавирус, кој се состанал заради зголемената загриженост од ширењето на варијантата Омикрон.

Одлуката на експертскиот тим за пандемија, да се продолжи со четврта доза, премиерот ја нарече како „прекрасна вест што ќе ни помогне да го поминеме бранот Омикрон што го зафаќа светот“.

Во соопштението од тамошното Министерство за здравство се истакнува дека лицата со имунодефициенција ќе имаат право и на четврта доза вакцина, а четврта доза ќе можат да примат и постарите лица, но и медицинските тимови, по четири месеци откако ја примиле третата доза.

Одлуката на израелските власти следува по смртта на пациент предизвикана од сојот Омикрон, кој имал и коморбидитети. Пациентот бил во своите шеесетти години, а починал две недели откако бил хоспитализиран.

Израелското Министерство за здравство соопшти дека има најмалку 340 познати случаи на Омикрон во Израел. Властите оваа недела ја проширија забраната за патување во САД, Германија, Италија, Турција и во Канада за да се обиде да го спречи ширењето на вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...