недела, 14 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: омикрон | 26 резултати

Вистиномер: Медицинските предупредувања за можни нови варијанти на коронавирусот, не се „тероризирање“

30 март 2022

Фактот дека е можно да се појават нови варијанти на коронавирусот со опаднат интензитет на вакцинација и со поминато подолго време по примена последна доза, не е ширење на терор, туку медицинска стварност. Тоа што омикрон варијантата на коронавирусот не дава толку тешка клиничка слика не значи дека во иднина нема да се појават нови […]

Вистиномер: Фаучи не изјавил дека не треба да се носат маски додека доминираше делта сојот на ковид-19

10 февруари 2022

Оваа изјава навистина ја дал Фаучи, но не е точно дека тој го кажал ова додека делта сојот на коронавирусот преовладуваше во светот. Изјавата на Фаучи e дадена на 8 март 2020 година и не го претставува неговиот моментален став за носењето заштитни маски. Петличковски, пак, изјавата за носењето маски ја дал на 4 февруари […]

Вистиномер: Пациентите со ковид-19 не се трујат со отровни лекови и не умираат исклучиво во болнички услови

5 февруари 2022

Тврдењата за теории на заговор за ковид-19, труење на здрави луѓе во болниците, умирање исклучиво во болнички услови, но и „етикетирање“ на лекарите и новинарите како убијци и креатори на лажни вести, се опасни и штетни во битката со пандемијата од коронавирусот. Министерството за здравство има обезбедено терапија за болните од ковид-19 и ги следи […]

Д-р Ивана Стојаноска: Кај нас сите се „онлајн лекари“ и не ги почитуваат советите на докторите

3 февруари 2022

Бројот на заболени од ковид деновиве варира, зависно од ден на ден. Новиот бран на вирусот започна со откривањето на сојот Омикрон како уште една мутација што во светот беше регистрирана кон крајот на ноември минатата година. Омикрон јавува послаба клиничка слика кај пациентите, а пред една недела властите донесаа одлука изолацијата на асимптоматските случаи […]

Вистиномер: Не е прогласен крај на пандемијата во Германија на 14 јануари 2022 година

2 февруари 2022

Не е вистина дека во Германија завршила пандемијата со коронавирусот. Напротив, земјата се соочува со рекордни бројки на новозаразени, што е закана за нејзиниот здравствен систем. Тоа го покажува епидемиолошката состојба во земјата, рекордниот број на новозаразени со омикрон во Германија во периодот пред и по 14 јануари 2022 година, препораките за вакцинација со трета […]

Вистиномер: Народот боледува од омикрон варијантата на коронавирусот, а не од отровни вакцини

23 јануари 2022

Не е вистина дека симптомите од омикрон варијантата на коронавирусот се нусефекти од „отровна вакцина“. Вакцините не содржат отрови, тие се сигурни, ефикасни и развиени на безбедни платформи. Пред нивната апликација спроведени се низа тестирања од кои е утврдено дека бенефитот од вакцината далекусежно ги надминува несаканите ефекти. Омикрон сојот на коронавирусот е настанат со […]

Вистиномер: Вакцините не се причина коронавирусот да мутира и лага е дека луѓето се разболуваат од вакцините

23 јануари 2022

Вакцините не предизвикуваат да се разболите со коронавирусот, бидејќи ниту една одобрена вакцина не содржи активен вирус. Напротив, вакцината против ковид-19 ги заштитуваат граѓаните од тешка форма на болеста и ја намалува хоспитализацијата и смртноста, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: Пост на Фејсбук шири невистини дека вакцините против ковид-19 […]

Вистиномер: Не е точно дека вакцинираните се „магнет“ за омикрон

21 јануари 2022

Споделената данска студија во постот го тврди спротивното, односно дека зголемена трансмисија на омикрон сојот има повеќе кај невакцинираните лица во однос на вакцинираните. Најдовме зголемена трансмисија кај невакцинираните лица и намалена трансмисија кај лицата кои се бустер-вакцинирани, во споредба со целосно вакцинирани лица, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост: […]

Д-р Стојанов: За Водици не е проблем бројот на капачи, туку групирањето на луѓето од страна

19 јануари 2022

Секој вид на собир е проблематичен во однос на ширење на Омикрон, независно дали станува збор за верски настан, концерт, дружба в кафеана и слично, па така, проблем е и ако на Водици се организира собир на верници, смета епидемиологот д-р Александар Стојанов. Според него, не се проблем капачите, колку што се проблем луѓето кои […]

Стојанов: Проблем е да се чека ред во амбуланта, а не е проблем да се чека за на жичарница

18 јануари 2022

Сојот омикрон многу брзо се шири во сите држави и тоа главно е проширен меѓу младите и тоа е добра причина да си останат на сила актуелните мерки, но и да се воведат нови, смета епидемиологот д-р Александар Стојанов. Секаде во земјите во регионот и во Европа расте бројот на новозаразени од ковид, ова е […]

Порталб: Дезинформација е дека Босна и Херцеговина прогласи „победа“ над пандемијата

17 јануари 2022

Написот во “Пулс7Њуз” ја дезинформира јавноста дека Босна и Херцеговина е првата земја што прогласи победа над пандемијата со Ковид-19, што е невистинa. Напротив, во последните денови во Босна и Херцеговина состојбата со пандемијата е доста влошена. Доктор Марио Јованоски вели дека сепак постои оптимизам дека на оваа пандемија ќе ѝ дојде крајот во тек […]

МЗ: Омикрон доминира, вирусот најмногу се шири меѓу младите и средовечните

11 јануари 2022

Министерството за здравство (МЗ) соопшти дека во период од една седмица за 51 отсто, е зголемен бројот на позитивни од тестирани на SARS-CoV-2, односно коронавирусот. Регистрирани се заболени лица од сите возрасни групи, а најзастапени се лицата на возраст од 30-39 (27 отсто), 20-29 (24 отсто) и 40-49 (17 отсто). Најмал број е регистриран кај […]

Нови 1.171 позитивни, бројот на активни случаи надмина 9.100

7 јануари 2022

Уште 1.171 нови случаи на заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени вкупно 7.932 тестирања. Процентот на позитивни од направените тестови изнесува 15 отсто. Уште шестмина пациенти починале како последица на болеста, јави Министерството за здравство. Бројот на починати како резултат на ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 8.000. Во моментов […]

Денеска 1.725 нови случаи на ковид-19, бројот на починати од ковид надмина 8.000

6 јануари 2022

Рапидно ширење на ковид-19 низ земјава. Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени биле 7.472 тестирања, а регистрирани се 1.725 нови случаи на ковид-19. Притоа, најголем дел од случаите се забележани во Скопје – 1.028, а потоа следат Битола – 148, Прилеп – 112, Охрид – 61 и Куманово – 52. Во […]

Поради омикронот, фестивалот „Санденс“ ќе има виртуелно издание годинава

6 јануари 2022

На две недели пред неговиот почеток на 20 јануари, фестивалот „Санденс“ соопшти дека овогодинешното издание на еден од најистакнатите филмски фестивали ќе се одржи виртуелно. Омикрон сојот што забрзано се шири низ САД ги одложи настаните со физичко присуство, закажани за периодот од 20 до 30 јануари. „Санденс“ првично беше планирано за годинава да се […]

Вистиномер: Зошто е важна третата „бустер“ доза и дали таа ќе нè заштити од омикрон?

30 декември 2021

Без разлика дали сте здрави и сте решиле да примите бустер доза или сте некој кој е имунокомпромитиран и имате потреба од трета доза, овие дополнителни дози вакцини ќе обезбедат дополнителна поддршка на имунолошкиот систем, согласни се здравствените експерти. Без нив, луѓето може да бидат поподложни на ковид-19, што е особено загрижувачко бидејќи новите варијанти, […]

Вистиномер: Пост на Фејсбук злоупотребува изјава на доктор Пановски

28 декември 2021

Во продолжение пренесуваме анализа на „Вистиномер“ на едно тврдење пласирано преку социјалните мрежи: Пост на Фејсбук шири дезинформации дека во Македонија пристигнал новиот сој на коронавирусот, омикрон четири дена пред неговото фактичко пристигнување. Објавата споделува текст со наслов: „Лоша Вест Доцна Вечерва: „Омикрон“ Влезе Во Македонија – Ова Се Најновите Детали“, додавајќи во постот дека […]

Филипче: Не може за секој нов сој да има нови рестрикции, ситуацијата е мирна

27 декември 2021

Поради омикрон или кој и да е нов сој на коронавирусот, не може да се воведуваат дополнителни рестрикции ако ситуацијата не се влошува, рече денеска министерот за здравство во заминување Венко Филипче. Тој кажа дека нема потреба од нови мерки и дека мора да научиме да живееме со вирусот. „Ниту сојот омикрон ниту поради кој […]

Даниловски: Четврта доза е оправдано да примат само највозрасните граѓани

23 декември 2021

Четврта доза е оправдано да примат само најстарите граѓани, како и оние со имунодефицитни состојби (лица кои примаат имуносупресивна терапија заради одредени здравствени проблеми) и други тешки хронични заболувања, смета епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски. За Мета.мк тој вели дека за нив ќе биде потребна не само четврта доза, туку и периодични дози на сезонска […]

Вистиномер: Омикрон не е лага, туку потврдена варијанта на коронавирусот во 63 земји во светот

22 декември 2021

Наспроти невистините што ги шири оваа објава на Фејсбук, во Африка не само што има утврдено присуство на коронавирусот, туку од ковид-19, според податоците од СЗО,  досега заболеле 6. 564.819 милиони луѓе, а починале 153.808 лица. Официјалните податоци покажуваат дека процентот на вакцинирани во Африка е многу низок и изнесува 7,3 отсто и таму досега целосно […]

Страна 1 од 2