Со шест медали се вратија учесниците на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки во Дубаи

Фото: Учесниците на олимпијадата, фејсбук профил на ДФРМ

Од 12 до 21 декември годинава се одржуваше 18 Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки во Дубаи, Обединетите Арапски Емирати во која учество земаа и шестмина наши претставници предводени од  д-р Ламбе Барандовски, претседател на Друштво на физичарите на Република Македонија и професор на Институтот за физика при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Сите шест ученици освоија медали. Алексеј Тасиќ од средното училиште „Јахја Кемал“ од Скопје се закити со сребро, а неговите соученици Матеа Митревска, Андреј Стојановски, Иван Костевски и Марио Ванчоски од средното училиште „Славчо Стојменски“ од Штип како и Теона Ана Георгиевска од основното школо „Љубен Лапе“ од скопската Општина Аеродром освоија бронзени медали.

„Создаваме вредности! Честитки за учениците и целиот тим – организација на натпревари по физика, хемија и биологија, подготовки на ПМФ, лидери, набљудувачи, надгледувачи во хотел, техничка поддршка…“, честитаа од ДФРМ за убавата вест.

На олимпиадата учествуваа околу 900 натпреварувачи, лидери, набљудувачи и гости од повеќе од 70 земји од светот. ДФРМ заедно со Сојузот на хемичари и технолози на Македонија и со Македонското биолошко друштво заедно ги подготвуаваа учениците за престижниот натпревар