Утре изложба на дела „Мал формат“ во Центарот за култура во Прилеп

Фото: НУЦК „Марко Цепенков“

Утре, со почеток во 12 часот на пладе ќе биде отворена изложбата на дела во мал формат, насловена со „Мал формат“ во Ликовната глаерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Сите љубители на уметноста ќе имаат можност да разгледаат дела од 30 уметници кои се членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, меѓу кои се и: Дејан Иванов Маргуш, Драган Верговски Алпи, Жаклина Глигориевска Кочовска, Ирена Паскали, Мирјана Крстева Массетти, Слободан Милошевски, Тања Tаневска, Стефан Хаџи Николов и други.

„Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на
ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 сантиметри претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш
метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите
форми во помалата мерка“, се вели во најавата за изложбата која како традиционална поставка на ДЛУМ се изложува на крајот на секоја година.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и е во соработка со ДЛУМ.