fbpx
Таг: ДЛУМ

таг: ДЛУМ

Празникот на уметноста одбележан и кај нас, македонските уметници со специјални изложби и нескромна уметност

По повод светскиот ден на уметноста кој се одбележува на 15 април, избрани македонски уметници, членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, како и младите уметници, студентите на Факултетот за ликовни уметности, организираа целодневни настани проследени со изложби. Друштвото на ликовни уметници (ДЛУМ) се претстави со изложбата „Поместени граници“ составена од уникатни изработки, дела и инсталации на осум визуелни...

Во петок ДЛУМ ќе ја отвори изложбата „Поместени граници“ по повод Денот на уметноста

Во петок по повод 15-ти април, Светскиот ден на уметноста, ќе се отвори изложбата „Поместени граници“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) во соработка со Министерството за култура. Официјалното отворање ќе започне во 13:30 часот во дворот на Министерството и ќе трае до 20 часот истиот ден. „Поместени граници“ е концепт проект посветен на новите медиуми, потенцирајќи...

Во петок е отворањето на самостојната изложба на скулпторот Ангел Димовски – Чауш

Во петок, со почеток во 20 часот, во просториите на ликовниот салон на Македонската академија на науките и уметностите ќе се отвори самостојната изложба на македонскиот скулптор, Ангел Димовски - Чауш. Изложбата е содржана од 60 дела и тоа: скулптури, цртежи, слики – објекти, изработени во различни материјали, бронза, дрво, алуминиум и мермер, коишто авторот ги работел во изминатите 50...

Страхил Петровски ја доби наградата „Гранд При“ на отварањето на „Зимски салон“

Вчера во просториите на Чифте амам беше отворена 19-тата по ред ликовна манифестација организирана од Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), „Зимски салон“. На отварањето свое обраќање имаа министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, амбасадорката на Романија во Македонија, Адела Моника Аксинте и кураторот на изложбата Анка Боериу, романска професорка на Националниот Универзитет за уметности во Букурешт. „19-тиот ликовен Салон несомнено...

Во среда отварање на ликовната манифестација „Зимски Салон“ од ДЛУМ

Во среда со почеток во 20 часот во просториите на Националната галерија, објектот Чифте амам, Друштвото на ликовни уметници на Македонија по 19-ти пат ќе ја отвори изложбата што прерасна во ликовна манифестација, „Зимски салон“. За годинешниот избор на дела од македонски уметници, членови на ДЛУМ селектор е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а...

ДЛУМ го објави конкурсот за учество на биеналната изложба „Зимски Салон“

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) по 19-ти пат го објави конкурсот за учество на биеналната изложба „Зимски Салон“, на која што се поканети да ги достават своите уметнички дела членовите на ДЛУМ. Под кураторство на професорот на Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу зададената тема на овогодинешното издание е „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“. Процесот на избирање...

Утре изложба на дела „Мал формат“ во Центарот за култура во Прилеп

Утре, со почеток во 12 часот на пладе ќе биде отворена изложбата на дела во мал формат, насловена со „Мал формат“ во Ликовната глаерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Сите љубители на уметноста ќе имаат можност да разгледаат дела од 30 уметници кои се членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, меѓу кои се и: Дејан...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...