Во среда отварање на ликовната манифестација „Зимски Салон“ од ДЛУМ

Фото: ДЛУМ

Во среда со почеток во 20 часот во просториите на Националната галерија, објектот Чифте амам, Друштвото на ликовни уметници на Македонија по 19-ти пат ќе ја отвори изложбата што прерасна во ликовна манифестација, „Зимски салон“.

За годинешниот избор на дела од македонски уметници, членови на ДЛУМ селектор е романската професорка од Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу, а зададената тема на 19-то издание на „Зимски салон“  гласи: „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“.

По извршениот селекциски процес, во изложбата учество ќе земат делата на уметниците: Коле Манев, Вана Урошевиќ, Кирил Гегоски, Татјана Манева, Никола Пијанманов, Илина Арсова, Филип Фидановски, Шќипе Мехмети, Валентина Илијевска, Жаклина Глигориевска Кочоска, Слободан Живковски, Пандора Апостолоска Саздовска, Златко Бојковски,Христина Зафировска, Стефан Димовски, Ацо Таневски, Мирослав Вељковиќ-Мишо, Јана Луловска, Ангелца Стоиљковиќ, Ивона Велковска, Марина Цветановска Мартиновска, Моника Десоска Каргова, Зуљеха Зубери Али, Бојана Артиновска Трпческа, Драган Верговски Алпи, Душан Георгиевски, Ангел Димовски Чауш, Сашо Саздовски, Слободан Милошески, Ненад Тонкин, Маја Танева, Нела Јанковска, Росица Лазеска, Дијана Томиќ Радевска, Ана Ивановска, Марија Мицова Гацова, Тања Таневска, Јана Манева Чупоска, Страхил Петровски, Мице Јанкуловски, Ирена Паскали.

Од страна на кураторот на изложбата поканети се и пет автори гости од Романија, Марија Петку Чиоибас, Мирела Траистару, Патриција Теодореску, Ралукалариа
Деметреску и Река Цсапо Дуп.

Замислен и основан во 1991 година, „Зимски Салон“ претставува ликовен настан што станува прифатен и препознаен во културниот живот во земјава со огромен интерeс.
Почнувајќи од 2003 година, наградата „Гранд-При“ (престој во атељето на„Citè des Arts“ во Париз) ја овозможува Министерството за култура на Република Македонија, а од 2006 година ДЛУМ вградува уште еден критериум, конкретна тема на „Зимски Салон“, со што ги ангажира уметниците на индивидуален творечки чин. Од 2009 година оваа манифестација прераснува во меѓународна.

Изложбата е поддржана од Министерство за култура во соработка со Националната Галерија и истата ќе биде поставена до 19.02.2022 година.