ДЛУМ го објави конкурсот за учество на биеналната изложба „Зимски Салон“

Фото: ДЛУМ

Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) по 19-ти пат го објави конкурсот за учество на биеналната изложба „Зимски Салон“, на која што се поканети да ги достават своите уметнички дела членовите на ДЛУМ.

Под кураторство на професорот на Националниот Универзитет за уметности во Букурешт, Анка Боериу зададената тема на овогодинешното издание е „Повторно поврзување, обновување, воздигнување, реконструирање“.

Процесот на избирање е селективен и за истиот главната одлука ќе ја има кураторот. Главната награда што се доделува е Наградата „Гран При“ – престој во Cite Internationale Des Arts во Париз, која што ја спонзорира Министерството за култура.

Во правилата за пријавување за конкурсот е нагласено дека делата за изложбата, заедно со пополнет формулар за учество и копија од уплатница за платена чланарина, се доставуваат од 26.01 до 28.01.2022 година во Национална Галерија објект – Чифте амам, во период помеѓу 10 и 15 часот, или се испраќаат по пошта на следната адреса: Национална Галерија на Р.С.Македонија објект Чифте амам, Ул. “Битпазарска” бб, 1000 Скопје.“

Финалната изложба ќе биде отворена на 9 февруари во Чифте амам во Скопје. Повикот е поддржан од Министерството за култура.