Дедо Мраз, Спајдермен и Бетмен ги израдуваа децата на Детската клиника во Скопје

Фото: Црвен крст на град Скопје

Во пресрет на Нова година волонтерите од Црвениот крст на град Скопје преправени како Дедо Мраз и суперхероите Спајдермен и Бетмен ги израдуваа децата кои се лекуваат на Детската клиника во Скопје.

Волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина со јажиња од покривот на Клиниката за детски болести преку балконите се спуштија во болничките простории и на малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пакетчиња за претстојните празници.

Настанот веќе традиционално се одржува по четврти пат. Од Црвениот крст велат дека треба многу за да се усреќи некој и дека ќе се трудат да ја продолжат традицијата затоа што. Волонтерите се презадоволни бидејќи не може со зборови да се опише неизмерната среќа на детските лица кога омилените суперхерои доаѓаат за да им подарат новогодишен подарок.