fbpx

На работа во јавен сектор само со негативен ПЦР или со потврда за примена една доза вакцина

-

Сите вработени во јавниот сектор, односно вработените во локалната самоуправа, во државните институции, при одење на работно место ќе мора да прикажат потврда за примена најмалку една доза вакцина или пак, да имаат негативен ПЦР тест направен на соствен трошок. Ако тоа го немаат, ќе треба да прикажат потврда дека прележале ковид во последните 45 дена или пак, да покажат потврда од лекар специјалист во која ќе биде наведено зошто не можат да примат вакцина, а тоа се оние ретки имунолошки состојби, за кои ќе Министерството за здравство ќе објави листа на болести и спецјалисти кои тие потврди ќе ги издаваат. Овие мерки ги најави денеска министерот за здравство Венко Филипче, откако се состана со членовите на Комисијата за заштита од заразни болести. Тој кажа дека овие предлози ќе се достават до Владата, а би стапиле на сила за десетина дена отсега.

– Ги анализиравме последните трендови и бројки, ја разгледавме епидемиолошката ситуација во регионот. Донесовме соодветни одлуки кои ќе ги доставиме до Владата. Препорачуваме до овие мерки да се приклучат и приватните компании. Освен тоа, препорачуваме вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници – рече Филипче.

Во однос на процесот на контрола, тој кажа дека сите инспекторати имаат и електронски алатки на располагање, за да можат да вршат контрола.

– Во врска со европските сертификати, има апликација која го прикажува соодветниот QR код и има апликација која ја гледа валидноста на QR кодот. Со тоа се елиминира можноста да има факлсификувани сертификати. Ова е мерка со која би се зголемил опфатот со вакцинација – додаде министерот.

После мини пикот од неодамна, како што рече, ситуацијата делумно спласнала.

– Но, пред нас е зимска сезона, сезона на настинки. Има и пациенти кои имаат и други сериозни болести, па поради тоа не можеме да правиме само ковид-центри. Во овој момент болниците ги преплавуваат ковид пациенти кои не се вакцинирани – рече Филипче.

На новинарско прашање во врска со тоа кој ќе ја врши контролата при влез на работа во јавниот сектор, тој одговори дека ќе се препорача да има одговорно лице кое ќе треба да прави контрола на самиот влез во институцијата.

– Новите казнени мерки кои ќе се однесуваат и на физичките и на правните лица ќе ги дискутираме на следната владина седница. Јас верувам дека ќе има добар одзив и дека луѓето ќе се вакцинираат. Во однос на ПЦР тестот, тој треба се прави еднаш неделно. На тој начин ќе бидеме сигурни дека вработените се безбедни за околината во која што работат – појасни тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...