fbpx

СЗО ги анализира податоците за Oмикрон кој се шири со брзина досега невидена кај претходните варијанти

-

Светската здравствена организација (СЗО) денес ќе одржи консултации за преглед на новите податоци поврзани со варијантата на коронавирусот, Oмикрон. Експертите ќе ги разгледаат достапните докази по што критички ќе ги оценат податоците и ќе го сумираат толкувањето на доказите и следните чекори, наведено е во соопштението.

Претходно Тедрос Аданом Гебрехесус, на СЗО предупреди дека Омикрон се шири со најголема брзина во споредба со другите варијанти и повика светот да ги искористи сите расположливи алатки за да се бори со пандемијата на коронаврусот.

„Не станува збор за вакцини наместо маски, дистанцирање, вентилација и хигиена на рацете. Правете го сето тоа. Правете го постојано и правете го добро“, рече тој додавајќи дека само вакцините нема да ја извлечат ниту една земја од кризата.

Гебрехесус повторно ја нагласи нееднаквоста во пристапот до вакцините велејќи дека додека многу од западните држави се тркаат за „бустер“ дози, голем дел од посиромашните држави уште немаат добиено ниту по една доза за имунизирање на својата популација и информираше дека 41 држава сè уште не успеале да вакцинираат ниту 10% од своето население, додека 98 држави низ светот не достигнале до нивото од 40%.

„Доколку ставиме крај на нееднаквоста, ќе ставиме крај на пандемијата. Доколку дозволиме нееднаквоста да продолжи, ќе дозволиме и пандемијата да се развива понатаму“, рече Гебрехесус.

„Да бидеме јасни – СЗО не е против „бустер“ дози. Ние сме против вакциналната нееднаквост. Тоа е прашање на приоритети. Давање на бустер дози на групи кои се со низок ризик за сериозна болест или смрт едноставно ги става во ризик оние кои се со висок ризик, а кои сè уште ја немаат добиено својата прва доза“, подвлече директорот на СЗО.

Докторката од Јужна Африка, Анџелик Кеце која ги откри сите податоци со кои таа располага околу новиот сој во колумна за британскиот „Дејли мејл“ смета дека сè уште не знаеме ни приближно доволно за омикронот.

„Мојот прв случај со омикрон, млад човек кој дојде во мојата канцеларија, на почеток мислеше дека бил на сонце предолго откако работел надвор. Пациентите обично имаат болки во мускулите, болки во телото, главоболки и се малку уморени. И симптомите не стануваат ништо полоши од тоа. По околу пет дена исчезнуваат и толку. Во делот на Јужна Африка каде што работам немаше многу пациенти со омикрон кои беа испратени во болница, а повеќето се лекуваа дома со употреба на антиинфламаторни лекови. Имајте на ум, исто така, дека повеќето од оние кои добиваат омикрон овде се невакцинирани или пимиле само прва доза од вакцината“, изјави таа.

Докторката Кеце ги оцени како „хистерични“ потезите на британската влада и на неколку други земји кои воведоа строги ограничувања за патување на летовите од цела јужна Африка и воведоа построги правила за носење маска, казни и продолжен карантин по предвидувањрто дека до крајот на декември ќе има еден милион нови случаи и 10.000 хоспитализирани дневно.

„Треба само да ја погледнете сликата во Јужна Африка, каде што беа забележани првите познати случаи на сојот на омикрон во светот, за да разберете дека оваа реакција е надвор од секоја пропорција на ризик што го носи оваа варијанта. И тоа треба јас да го знам – затоа што јас сум докторот кој прв го вклучи алармот за омикрон, уште во ноември годинава“, напиша Кеце.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...