fbpx

Евидентирани 1.197 нови ковид-случаи, кај деветмина е детектиран омикрон

-

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 7.483 тестирања, а регистрирани се 1.197 нови случаи на ковид-19. Вкупно 766 лица од новозаразените се од Скопје.

Во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Во лабораторијата изработени се 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од пациенти од Скопје, Кочани, Велес, Гевгелија и Богданци. Од вкупниот број тестирани примероци, кај 9 пациенти детектирана е Омикрон варијантата на вирусот, што изнесува 37,5 отсто од позитивните примероци. Сите позитивни пациенти се од Скопје, а еден е од Кочани.

Регистрирани се и 366 оздравени лица, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица –  по три починати лица од Скопје (на 55 годишна возраст, на 82 годишна возраст како и на 88 годишна возраст) и Битола (на 60 годишна возраст, 69 годишна возраст и на 90 годишна возратс), две лица од Охрид (68 години и 79 години) и по едно починато лице од Прилеп (68 години), Велес (68 години), Валандово (41 година) и Струга (88 години). Пријавените лица се починати во болнички услови.

„Досега во земјата се направени вкупно 1.619.276 тестирања на ковид. Вкупната бројка на дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 227.168, бројот на оздравени пациенти е 213.505, на починати е 7.996, а бројот на активни случаи изнесува 5.667“, информираат во Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

МВР: Фотографирани гласачки ливчиња во Скопје, Охрид, Берово и Радовиш

Пет лица си ги фотографирале гласачките ливчиња во текот на денешното гласање, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Станува збор за два случаи во Скопје и по еден во радовишко,...