fbpx

Малмед: Досега во неколку наврати се уништени вакцини на Фајзер, Астра Зенека и на Синофарм

-

Досега во неколку наврати сме издале решенија, односно одобренија за уништување на вакцини на производителите Фајзер, Астра Зенека и на Синофарм, информираше денеска Љирим Шабани, в.д. директорот на „Малмед“ Агенција за лекови и медициснки средства, на онлајн состанок со новинарите. Тој не кажа колкави количини досега се уништени и колку чинело уништувањето на лековите, и за одговори на овие прашања упати во Министерството за здравство каде што се склучуваат договори.

„Уништувањето на сите лекови е пропишано во Законот за лекови. Ние тоа редовно го правиме за сите регистрирани лекови, не само за вакцините. Со тие исти прописи беа уништени и досегашните вакцини. Вакцините се уништуваат на неколку основи – истек на рокот на важност, промена на самата вакцина откако ги поминала сите процеси, или пак, ако е направена некоја отстапка од ладниот ланец при транспорт“, информира Шабани.

Тој кажа дека во минатото имале случај кога утврдиле дека одредена серија вакцини отстапува од тој режим на транспорт, по што таа серија вакцини била ставена настрана за да биде уништена. Иако не кажа колку олкави количини се досега уништени, информира дека поголем број вакцини се уништени заради истек на рокот.

Шабани појасни дека при добивање на информација за увоз на која било вакцина, инспекторите одат на граничниот премин и се снима секој момент на транспорт до крајната дестинација. Инспекторите имаат податок за тоа колкава е температурата во целото време на транспорт. Ако овде се забележи дека има отстапки, тие веднаш се отстрануваат од употреба.

„Во голема мера несаканите ефекти се во рамките на предвидените и кои се точно наведени во самото упатство на вакцината. Тоа се главоболка, гадење, вртоглавица, болки во екстремитетите. Во најголема мера се тие несаканите ефекти. Исклучок од ова е миокардитот кој го предизвикува вакцината на Фајзер, нешто што се утврди по пуштање во употреба на вакцината. Во ретки случаи може и тоа да се случи. Сепак, процентот на несаканите ефекти по однос на аплицираните вакцини, е далеку помал и не задира во здравјето на граѓаните“, рече директорот.

Во однос на несаканите ефекти од вакцините, Шабани информираше дека досега до „Малмед“ пристигнале 133 пријави за несакани ефекти кои пристигнале од лекари, а исто така пријави имало и од 88 фармацевти, како и од 10 здравствени работници.

„Имавме и пријави и од страна на граѓани. Тие податоци се собираат и обработуваат. Ние имаме склучено договоро со Упсала мониторинг центарот во Шведска, таму се собираат од сите земји несаканите ефекти и оттаму потоа се даваат препораки за следење на лекот. Кај нас ги даваме за обработка до ИЈЗ. Понатаму се испитуваат причините“, рече Шабани.

Мејрем Хаџихамза од „Малмед“ на онлајн состанокот со новинарите кажа дека пријавите се всушност сомнежи за несакани реакции.

„Кога еден лек ќе се употреби, ако се пријави несакано дејство, тоа не значи дека е последица на вакцината. Има многу параметри кои треба да се испитуваат. Треба да се види кој бил пациентот, од што боледувал, какви лекарства примал, се прави обработка за да се докаже дали е врзана употребата на вакцините. Имавме пријава за сомнеж за смрт предизвикана од вакцина во два случаи, кај 85 годишен пациенти и кај 53 годишен пациент. Но, и во двата случаи сè уште не е докажана поврзаност со употребата на вакцините. Докторот пријавил во двата случаи, кај 53 годишниот се работи за Фајзер вакцината, а вториот случај за вацината на Астра Зенека. Не е докажано дека смртта настанала како резултат на примена вакцина“, информира Хаџихамза.

Таа додаде дека сите сомнежи ги собираат, ги праќаат во ИЈЗ да ги испитаат и потоа ги праќаат во во Упсала мониторинг центарот. Сите граѓани можат да пријават несакани ефекти од вакцина на веб-сајтот на Агенција за лекови, каде што има образец кој треба да се пополни.

 

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...