fbpx

Нови 1.171 позитивни, бројот на активни случаи надмина 9.100

-

Уште 1.171 нови случаи на заболени од ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа од направени вкупно 7.932 тестирања. Процентот на позитивни од направените тестови изнесува 15 отсто. Уште шестмина пациенти починале како последица на болеста, јави Министерството за здравство.

Бројот на починати како резултат на ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 8.000.

Во моментов е во тек најновиот бран на зараза со сојот Омикрон, кој потекнува од Јужна Африка и ја зафати Западна Европа пред неколку недели, но дури сега е официјално регистриран кај нас. Бројот на активни случаи надмина 9.100.

Најголем дел од откриените нови случаи се во Скопје – 641, потоа Битола – 134, Охрид – 54, Прилеп – 48, Куманово – 39. Најнизок број на новозаболени е регистриран во Кичево и Струга – по 8, Крива Паланка и Ресен – по 6, Виница – 5, Неготино и Пробиштип – по 4, Свети Николе и Берово – по 3, Демир Хисар и Дојран – по 2, Валандово, Кратово, Богданци, и Македонски Брод – по 1.

Во последното деноноќие починале 6 лица, од кои 4 од Скопје и по едно починато лице од Битола и Валандово. Регистрирани се уште четворица починати од Кичево, Гостивар, Тетово и Куманово, кои починале во период од 16.12.2021 до 05.01.2022г., но сега биле пријавени.

Досега во земјата се направени вкупно 1.641.868 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 231.436, бројот на оздравени пациенти е 214.258, на починати е 8.012, а бројот на активни случаи изнесува 9.166.as

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...